إعدادات العرض
„Не е дозволено муслиманката да патува патување во должина (колку се поминува за) една ноќ, освен со махрем.“
„Не е дозволено муслиманката да патува патување во должина (колку се поминува за) една ноќ, освен со махрем.“
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не е дозволено муслиманката да патува патување во должина (колку се поминува за) една ноќ, освен со махрем.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Português Kurdî සිංහල Kiswahili Tiếng Việt অসমীয়া ગુજરાતી Nederlands മലയാളം Română Magyar ქართული Moore ಕನ್ನಡ Svenskaالشرح
Со ова, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека на муслиманката ѝ е забрането да патува на растојание кое се поминува за една ноќ, без присуство на некој од нејзините махреми.فوائد الحديث
Ибн Хаџер рекол: „На жената не ѝ е дозволено да патува без махрем, и околу тоа има согласност меѓу учените – освен во посебни случаи, како што се аџилак, умра или напуштање на земјата на ширкот. Некои дури сметаат дека махремот е услов за исправноста на аџилакот.“
Потполноста на исламскиот верозакон, кој покажува исклучителна грижа за заштитата и сигурноста на жената.
Верувањето во Аллах и Судниот ден подразбира покорност на Неговите прописи и почитување на Неговите ограничувања.
Махрем на жената е нејзиниот сопруг или оној што ѝ е трајно забранет за брак – поради крвно сродство, доење или сватовство. Махремот треба да биде муслиман, полнолетен, разумен и доверлив, бидејќи неговата улога е да ја штити жената, да се грижи за неа и за нејзините потреби.
Имамот ел-Бејхеки, говорејќи за хадисите кои ја спомнуваат должината на патот на кој жената не смее да патува без сопруг или махрем, вели:
„Сумирано, секое патување – без оглед дали трае три дена, два дена, еден ден, еден бурејд (мерка од тоа време), или слично – ѝ е забрането на жената ако со неа не е нејзиниот сопруг или некој од нејзините махреми. Причината е општата формулација во хадисот на Ибн Абас, кој се наоѓа како последен меѓу хадисите пренесени од Муслим: ,Нека не патува жена освен со махрем.‘ Овој хадис опфаќа сè што се смета за патување.“
– Крај на цитатот. Овој хадис бил изречен во зависност на состојбата на оној што прашал и местото во кое се наоѓал.