إعدادات العرض
Ислам е да сведочиш дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник, да клањаш намаз, да даваш зекат, да постиш во рамазан и да одиш на аџилак ако си…
Ислам е да сведочиш дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник, да клањаш намаз, да даваш зекат, да постиш во рамазан и да одиш на аџилак ако си во можност
Од Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, кој раскажува: Еден ден додека бевме кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се појави човек во сосема бела облека и со сосема црна коса, кај него не се забележуваше трага од патување, а никој од нас не го познаваше, тогаш седна кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и ги потпре колената до колената на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рацете ги спушти врз своите бутови и рече: „О, Мухамед, извести ме за исламот." Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: „Ислам е да сведочиш дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник, да клањаш намаз, да даваш зекат, да постиш во рамазан и да одиш на аџилак ако си во можност." Овој му рече: „Вистината ја кажа." Омер вели: Ние се зачудивме, прво го прашува а потоа потврдува. Потоа пак го праша: „Извести ме за иманот." Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: „Да веруваш во Аллах, во Неговите мелеци, во Неговите книги, во Неговите пратеници, во Судниот Ден и да веруваш во Одредбата било да е добро или лошо." Човекот пак рече: „Вистината ја кажа", и додаде: „Извести ме за Добродетелство." Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Тоа е да го обожуваш Аллах како да Го гледаш пред себе, бидејќи иако ти не Го гледаш, Тој те гледа." Човекот пак праша: „Извести ме за крајот на светот." Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: „Прашаниот не знае ништо повеќе од тој што прашува." Човекот праша: „Кажи ми ги тогаш предзнаците." Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: „Робинката да го роди својот господар, и да видиш голи, боси и сиромашни чобани како се натпреваруваат во изградба на високи зданија." Омер рече: Потоа човекот отиде, а јас останав, и Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ме праша: „Омер, дали знаеш кој беше човекот?" Јас реков: "Аллах и Неговиот пратеник најдобро го знаат тоа." Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Тоа беше Џибрил, дошол да ве поучи за вашата вера."
الترجمة
العربية Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو 中文 हिन्दी বাংলা Kurdî Hausa Português മലയാളം తెలుగు Kiswahili தமிழ் සිංහල မြန်မာ Deutsch 日本語 پښتو Tiếng Việt অসমীয়া Shqip Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands ئۇيغۇرچە ไทย دری Fulfulde Magyar Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių or Română Kinyarwanda Српски тоҷикӣ O‘zbek Moore नेपाली Malagasy Oromoo Wolof Soomaali Български Українська Azərbaycan Tagalog bm ქართული Lingalaالشرح
Омер, радијаллаху анху, нѐ известил дека Џибрил алејхи селам, дошол кај асхабите радијаллаху анхум, во облик на човек кој не го познавале, една од неговите особини беше белата облека, и црна коса, врз кои не се забележуваше трага од патување како што е измореност, прашина, бушавост и неуредна облека, и никој од присутните не го познаваше, тие седеа кај Аллаховиот пратеник, саллалаху алејхи ве селлем, и тој седна пред него како што седнува ученик, и го праша за исламот на што доби одговор дека исламот е потврда на два сведоштва, извршување на петте молитви, издвојување на милостина кон тие на кои им е потребна, пост во месец рамазан, и патување на аџилак за тие кои имаат можност за тоа. Тој што прашуваше кажа: „Ја кажа вистината." Асхабите беа зачудени од прашањето кое укажуваше дека очигледно не знае за тие работи а потоа го потврдува одговорот. Потоа го прашува за столбовите на иманот - верувањето, Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговори дека се шест и го опфаќаат верувањето во постоење Аллах Возвишениот и во Неговите својства, да веруваме дека само Нему Му припаѓаат одредени дејствија како што е создавањето, исто така само Него да Го обожуваме. Потоа верувањето во мелеците кои Аллах ги создал од светлост, тие се чесни робови, не му се спротивставуваат на Аллах Возвишениот во Неговите наредби туку според нив постапуваат. Верувањето во објавените Книги од Аллах кон Неговите пратеници, како што се Куранот, Тевратот, Инџилот и другите. Верување во Веровесниците испратени од Аллах да ја достават Неговата вера, а помеѓу нив се Нух, Ибрахим, Муса, Иса и последниот од нив Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, како и другите Веровесници и пратеници. Потоа верувањети во Судниот ден, во тоа спаѓа и она што се случува после смртта во гробот и животот во берзех, и тоа дека човекот ќе биде оживеан по смртта и ќе полага сметка, а потоа неговиот крај ќе биде или во Џенетот или во Џехенемот. И на крај верувањето дека Аллах ги одредил сите работи според предходното знаење кое го имаше и Мудроста која го одобри тоа, Тој го запишал сето тоа, бидејќи така беше Неговата Волја, и сѐ ќе се случува онака како што Тој претходно одредил и го создал. Потоа го прашал за ихсанот - добродетелството, па му одговорил дека ихсан е да Го обожаваш Аллах исто како да Го гледаш, а ако не е во можност да се достигне овој степен тогаш Аллах ќе се обожува со сознание дека Тој него го гледа. Првиот степен е степен на гледање и тој е на повисоко ниво, а вториот степен е степен на надзор. Потоа го прашува кога ќе настапи Судниот ден? Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговори дека знаењето за Судниот ден е скриено кај Аллах и само Тој го знае, и дека никој друг од созданијата не знае за тоа ништо, ниту знае оној што е прашан ниту оној што прашува. Потоа го прашал за предзнаците на Судниот ден? Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го известил дека еден од предзнаците е голем број на заробени жени и на нивните деца, или големо непочитување на децата кон своите мајки, кон кои ќе се однесуваат како што се однесува кон робинката, и предзнак пред крајот на светот ќе бидат чобани и сиромашни кои ќе заработат богатства, и ќе се натпреваруваат во украсување и изградба на големи објекти. Потоа Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, соопшти дека тој што прашува е Џибрил кој дошол да ги научи асхабите за оваа чиста вера.فوائد الحديث
Убавиот однос на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој седи со своите асхаби а и тие седат со него.
Пропишано е убаво однесување и блискост со тој што прашува, за да може да праша без страв или чувство на притисок.
Убаво однесување со учителот, како што го направи тоа Џибрил, алејхи селам, кога со почит седна пред Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за да научи од него.
Столбови на исламот се пет, а основите на верувањето се шест.
Кога заедно се спомнуваат термините исламот и иманот, тогаш исламот се толкува како надворешни дела, а иманот како внатрешни дела.
Во исламот постојат различни степени, првиот степен е исламот, вториот е иманот а третиот е ихсанот и тој е највисокиит степен.
Основата кај тој што прашува е нeзнаењето, и незнаењето е мотив за поставување на прашање, заради тоа асхабите се зачудија кога тој прашува и го потврдува точниот одговор.
Секогаш започнуваме со најважното, па потоа со следното по важност; Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, почна со шехадетот додека го толкуваше исламот, а почна со верувањето во Аллах кога го толкуваше иманот.
Тие што знаат ќе прашаат за нешто што им е веќе познато за да ги подучат другите.
Знаењето за крајот на светот е знаење кое го поседува само Аллах Возвишениот.
التصنيفات
Акида (исламско верување)