إعدادات العرض
„,Не завидувајте еден на друг, не зголемувајте ја лажно цената при купување (за да го измамите другиот), не мразете се, не свртувајте грб еден на друг и не продавајте…
„,Не завидувајте еден на друг, не зголемувајте ја лажно цената при купување (за да го измамите другиот), не мразете се, не свртувајте грб еден на друг и не продавајте преку продажбата на вашиот брат. Бидете Аллахови робови и браќа!
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Не завидувајте еден на друг, не зголемувајте ја лажно цената при купување (за да го измамите другиот), не мразете се, не свртувајте грб еден на друг и не продавајте преку продажбата на вашиот брат. Бидете Аллахови робови и браќа! Муслиманот е брат на муслиманот – не му прави зулум, не го напушта (во неволја), и не го понижува. Богобојазливоста е овде!‘ – и покажа кон градите трипати. ,Доволно зло за човекот е да го понижува својот брат муслиман. Забранети му се на секој муслиман спрема другиот муслиман: крвта, имотот и честа.‘“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Kurdî Português සිංහල Tiếng Việt অসমীয়া Kiswahili Nederlands ગુજરાતી Magyar ქართული Română ไทย తెలుగు मराठी ਪੰਜਾਬੀ دری አማርኛ Malagasy پښتو ភាសាខ្មែរ ಕನ್ನಡ Lietuviųالشرح
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го советувал муслиманот да се однесува добро кон својот брат муслиман, и појаснил дел од неговите обврски и правила на однесување. Меѓу нив се: 1. Не завидувајте еден на друг – односно, не посакувајте да му се одземе благодатта на некој друг. 2. Не зголемувајте ја лажно цената – односно, никој да не ја покачува цената на производот без да има намера да го купи, туку само за да му помогне на продавачот или да му наштети на купувачот. 3. Не мразете се – односно, не посакувајте штета еден на друг. Исклучок е омразата поради Аллах – таа е обврска. 4. Не свртувајте грб еден на друг – односно, не се игнорирајте и не прекинувајте ги односите со одбивност и бојкотирање. 5. Не продавајте преку продажбата на вашиот брат – на пример, да му речеш на купувачот: „Кај мене ја имаш истата роба поевтино“ или „поквалитетна по иста цена.“ Потоа, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, дал еден општ и севкупен совет: Бидете вистински браќа! Воздржувајте се од сите спомнати забрани, покажувајте љубов, нежност, сомилост и меѓусебна поддршка во доброто – со искрени срца и искрени совети во секое време. Од обврските што произлегуваат од ова братство се: Да не му прави зулум на својот брат муслиман и да не го загрозува. Да не го остава кога му се прави зулум, туку – ако има можност – да го поддржи, да го одбрани и да го заштити од неправда. Да не го потценува, омаловажува или гледа на него со презир – бидејќи тоа произлегува како резултат на вообразеност во срцето. Потоа, Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, трипати нагласил дека богобојазливоста е во срцето – и оној кој ја носи во себе ќе биде поттикнат кон добар морал, страв од Аллах и постојано внатрешно надгледување. Таквиот човек нема да го потценува својот брат муслиман, бидејќи самото потценување е доволна особина на злото – и тоа поради вообразеност во срцето. На крајот, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја потврдил оваа поука со зборовите дека на секој муслиман му се забранети следниве три нешта кон друг муслиман: неговата крв, неговиот имот и неговата чест. – Крвта: да не му го одземе животот со убиство, да не му нанаесе повреда или да го нападне; – Имотот: да не му се одземе нешто неправедно; – Честа: да не се навредува, понижува или озборува.فوائد الحديث
Наредба за исполнување на сите должности што произлегуваат од верското братство, и забрана за сè што се спротивставува на него – било тоа преку зборови или дела.
Темелот на богобојазливоста се наоѓа во срцето – во спознавањето на Аллах, стравувањето од Него и постојаното надгледување на сопствените постапки. Од таквата богобојазливост произлегуваат добрите дела.
Надворешното отстапување од праведноста укажува на слабост на богобојазливоста во срцето.
Забрането е муслиманот да се вознемирува на кој било начин – било со збор, било со постапка.
Не се смета за завист (хасед) кога муслиманот посакува да има нешто слично како некој друг, сè додека не посакува тоа да му се одземе на другиот. Ова се нарекува „пофална љубомора“ (غبطة) и е дозволена, бидејќи поттикнува на натпреварување во добрите дела.
Човекот по природа не сака некој да го надмине во добра. Ако посака тие благодати да исчезнат кај другиот – тоа е укорена завист, односно хасед. Но ако посака да го достигне или надмине – без да му посака загуба – тогаш тоа е дозволена „пофална љубомора“.
Не се смета за забранета продажба преку продажбата на братот ако некој му укаже на купувачот дека бил грубо измамен – бидејќи тоа спаѓа во искрен совет. Сепак, услов е намерата да биде советување од грижа за братот муслиман, а не нанесување штета на продавачот, а делата се вреднуваат според намерите.
Исто така, не се смета за забранета таквата продажба ако продавачот и купувачот сè уште не се договориле и не постигнале конечен договор околу цената.
Омразата што е забранета во хадисот не ја опфаќа омразата поради Аллах – напротив, таа е обврска и спаѓа меѓу најцврстите алки на иманот.