إعدادات العرض
„Оној што внесува во нашата вера она што не е од неа, тоа е отфрлено
„Оној што внесува во нашата вера она што не е од неа, тоа е отфрлено
Пренесено е дека Аиша, радијаллаху анха, кажала: Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Оној што внесува во нашата вера она што не е од неа, тоа е отфрлено.“ Овој хадис го регистрирале Бухари и Муслим, а Муслим исто така наведува: „Кој ќе прави дело кое не е според нашата вера, ќе биде отфрлено.“
الترجمة
ar bn bs en es fr id ru tl tr ur zh hi ug ku ha pt ml te sw fa my de ja ps vi as sq sv cs gu yo si ta prs ky or rw ne ro lt nl so sr uk kn wo mos ka az hu am mgالشرح
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека кој измислува нешто ново во верата или прави дело што не е базирано врз Куранот и Сунетот, тоа ќе биде одбиено и нема да биде прифатено од Аллах.فوائد الحديث
Ибадетите се базираат само врз Куранот и хадисот, ние не го обожуваме Аллах, Возвишениот, на друг начин освен на оној што ни е пропишан со верозаконот, а не според измислени новини.
Верата не е подложна на формулирање според нечие мислење и не се одредува според тоа што се смета за убаво, туку е со следење на Аллаховиот пратеник, алејхи селам.
Овој хадис укажува на совршеноста на верата.
„Бидат“ е секоја измислица/новина што се внесува во верата, а која не постоела во времето на Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и неговите асхаби, било да е верување, говор или дело.
Овој хадис е еден од основите на исламот и служи како вага за делата. Како што за секое дело кое не е направено во име на Аллах сторителот нема да биде награден, истотака секое дело кое не е направено според традицијата на Аллаховиот пратеник нема да му се прифати на сторителот.
Измислени забранети работи се тие поврзани со верата, а не со овоземските работи.
التصنيفات
Бидат - новотарија