إعدادات العرض
„Ми беа прикажани Џенетот и Џехенемот – и никогаш досега не сум видел нешто слично на денешниов ден кога станува збор за доброто и злото. А ако вие го знаете она што…
„Ми беа прикажани Џенетот и Џехенемот – и никогаш досега не сум видел нешто слично на денешниов ден кога станува збор за доброто и злото. А ако вие го знаете она што јас го знам – малку би се смееле, а многу би плачеле.“
Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: До Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стигнала вест за нешто што го направиле неговите асхаби, па одржал хутба и рекол: „Ми беа прикажани Џенетот и Џехенемот – и никогаш досега не сум видел нешто слично на денешниов ден кога станува збор за доброто и злото. А ако вие го знаете она што јас го знам – малку би се смееле, а многу би плачеле.“ Енес вели: „Немало потежок ден за асхабите на Божјиот пратеник од тој ден. Ги покрија главите и почнаа тивко да липаат.“ Тогаш стана Омер и рече: „Задоволни сме со Аллах како наш Господар, со исламот како наша вера и со Мухамед како наш веровесник.“ Потоа стана еден човек и праша: „Кој е мојот татко?“ – а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: „Твојот татко е тој и тој.“ И тогаш беше објавен ајетот: ,,О, верници, не прашувајте за тоа што ќе ви причини непријатност ако ви се објасни." (Ел-Маиде, 101)
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Kurdî Tiếng Việt Nederlands Kiswahili অসমীয়া ગુજરાતી සිංහල Magyar ქართული Hausa Română ไทย Português मराठी ភាសាខ្មែរ دری አማርኛالشرح
До Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стигнала вест за нешто што го направиле неговите асхаби – а тоа било дека премногу го оптоварувале со прашања. Тоа го налутило, па одржал хутба и рекол: „Ми беа прикажани Џенетот и Џехенемот. Не сум видел повеќе добрини од тие што денес ги видов во Џенетот, ниту поголемо зло од тоа што денес го видов во Џехенемот. А доколку вие би го виделе она што јас го видов, и доколку би го знаеле она што јас го знам – ќе бевте силно исплашени, малку ќе се смеевте, а многу ќе плачевте.“ Енес, Аллах нека е задоволен со него, вели: „Немало потежок ден за асхабите на Божјиот пратеник од тој ден. Ги покрија своите глави и почнаа тивко да липаат – од силниот плач се слушаше звук што им излегуваше низ носот.“ Тогаш стана Омер, Аллах нека е задоволен со него, и рече: „Задоволни сме со Аллах како наш Господар, со исламот како наша вера и со Мухамед како наш веровесник.“ Потоа стана еден човек и праша: „Кој е мојот татко?“ Одговори: ,,Татко ти е тој и тој." Тогаш беше објавен ајетот: ,,О, верници, не прашувајте за тоа што ќе ви причини непријатност ако ви се објасни." (Ел-Маиде, 101)فوائد الحديث
Препорачливо е човек да плаче од страв од Аллаховата казна, и да избегнува прекумерно смеење – бидејќи тоа укажува на немарност и грубост на срцето.
Асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, биле длабоко потресени од пораката на Божјиот пратеник и покажале силен страв од Аллаховата закана.
Препорачливо е при плачење да се покрие лицето.
Ел-Хатаби вели: „Овој хадис се однесува на оној што поставува прашања од тврдоглавост, претерувајќи или без потреба. Но, оној што прашува поради реална потреба – на пример, во конкретна ситуација – не е виновен и не заслужува укор.“
Хадисот поттикнува на истрајност во покорноста кон Аллах, воздржување од гревови и строго придржување кон Неговите граници.
Од хадисот исто така се разбира дека е дозволено да се изрази лутина или строгост при советување и поучување – кога од тоа има воспитна корист.
التصنيفات
Опис на Џенетот и Џехене