„Откако му беше објавена сурата ,Кога Аллаховите помош и победа ќе дојдат‘ (Ен-Наср, 1), Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, не клањаше ниту еден намаз, а во него…

„Откако му беше објавена сурата ,Кога Аллаховите помош и победа ќе дојдат‘ (Ен-Наср, 1), Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, не клањаше ниту еден намаз, а во него да не изговореше: ,Субханеке раббена ве бихамдик, Аллахумме-гфир ли‘ (Славен си Ти, Господару наш, и Тебе ти припаѓа сета благодарност – Аллаху мој, прости ми).“

Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува: „Откако му беше објавена сурата ,Кога Аллаховите помош и победа ќе дојдат‘ (Ен-Наср, 1), Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, не клањаше ниту еден намаз, а во него да не изговореше: ,Субханеке раббена ве бихамдик, Аллахумме-гфир ли‘ (Славен си Ти, Господару наш, и Тебе ти припаѓа сета благодарност – Аллаху мој, прости ми).“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Мајката на верниците, Аиша – Аллах нека е задоволен со неа – раскажува дека откако му беше објавена сурата „Кога Аллаховите помош и победа ќе дојдат“ (Ен-Наср, 1) Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го протолкува значењето на оваа објава и веднаш постапи по наредбата на Аллах во зборовите: „Ти слави Го Господарот свој благодарејќи Му и моли Го да ти прости, Тој навистина покајанието го прима." (Ен-Наср, 3) Поради тоа, тој често го изговараше следново во намазот, при руку и сеџда: „Субханеке“ – Те славам и Те величам над сè што не прилега на Твоето совршенство; „Аллахумме раббена ве бихамдик“ – О, Аллах, Господару наш, со сета благодарност Ти припаѓа пофалбата, заради совршенството на Твоето битие, Својствата и Делата; „Аллахумме-гфир ли“ – О, Аллах, прости ми ги моите гревови, избриши ги и не казнувај ме за нив.

فوائد الحديث

Препорачливо е оваa дова често да се изговара во руку и сеџда.

Барањето прошка кон крајот на животот укажува дека и другите ибадети – особено намазот – е убаво да завршуваат со истигфар, како надомест за можните недостатоци во нивното извршување.

Најдоброто средство за приближување кон Аллах и за прифаќање на довата е да се започне со славење, пофалба и величење на Аллах над секој недостаток.

Доблеста на истигфарот и неговото практикување во сите состојби и времиња.

Совршеното робување на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и неговата покорност кон Аллаховите наредби.

التصنيفات

Зикрови во намазот