„Кој по јадењето ќе каже: Елхамду лиллахиллези ет‘амени хаза ве резаканихи мин гајри хавлин мини ве ла кувветин (Благодарност на Аллах, Кој ме нахрани со ова и ме…

„Кој по јадењето ќе каже: Елхамду лиллахиллези ет‘амени хаза ве резаканихи мин гајри хавлин мини ве ла кувветин (Благодарност на Аллах, Кој ме нахрани со ова и ме снабди без моја сила и моќ), ќе му бидат простени претходните гревови.“

Од Сехл бин Муаз бин Енес, од неговиот татко, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој по јадењето ќе каже: Елхамду лиллахиллези ет‘амени хаза ве резаканихи мин гајри хавлин мини ве ла кувветин (Благодарност на Аллах, Кој ме нахрани со ова и ме снабди без моја сила и моќ), ќе му бидат простени претходните гревови.“

[حسن] [رواه أبو داود والترمذي وابن ماجه وأحمد]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го поттикнува секого што ќе јаде храна да му се заблагодари на Аллах, бидејќи човекот нема моќ ниту да ја обезбеди, ниту да ја јаде, освен со Неговата дозвола и помош. Потоа, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја пренесува радосната вест дека оној што ќе ја изговори оваа дова ќе ја заслужи Аллаховата прошка за претходните мали гревови.

فوائد الحديث

Препорачано е по завршувањето со јадењето да му се заблагодари на Аллах.

Хадисот укажува на големата добрина на Аллах кон Неговите робови, бидејќи Тој ги снабдува со храна, им ги олеснува средствата за егзистенција и во тоа направил начин преку кој им се бришат лошите дела.

Сите работи на робовите зависат од Аллах, а не од нивната сила и моќ, но на човекот му е должност да ги презема потребните причини.

التصنيفات

Дови за вонредни ситуации