إعدادات العرض
„Аллаху мој, поправи ја мојата вера која е моја сигурност
„Аллаху мој, поправи ја мојата вера која е моја сигурност
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, велел: „Аллаху мој, поправи ја мојата вера која е моја сигурност, дај ми добро на овој свет затоа што тука живеам, уреди го мојот ахирет (оној свет) каде ќе бидам оживеан, направи мојот живот да биде зголемување на секое добро, а смртта спас од сѐ што е лошо.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Kurdî Português සිංහල Nederlands অসমীয়া Tiếng Việt Kiswahili ગુજરાતી پښتو Oromoo Română മലയാളം Deutsch नेपाली Кыргызча ქართული Moore Magyar తెలుగు Svenska ಕನ್ನಡ አማርኛ Українськаالشرح
Пратеникот салаллаху алејхи ве селем, се молел со дова во која ги споил основите на благородниот морал заради којшто бил испратен, а тоа е добрината на верата, на овој свет и на ахиретот. Тој во овие кратки изрази ги потцртал овие три сеопфатни принципи, започнал со исправноста на верувањето со кое доаѓа убав живот на двете живеалишта, па рекол: „Аллаху мој, поправи ја мојата вера“, со упатување да постапувам според нејзините правила на најпотполн начин. „Која е моја сигурност“, која е чувар на сите мои работи. Ако мојата вера е расипана, и моите работи ќе бидат расипани, а јас ќе пропаднам и ќе изгубам. И бидејќи посакуваното подобрување на верата не може да се постигне освен со подобрување на овој свет, тој рече: „Дај ми добро на овој свет“, со тоа што ќе ми дадеш физичко здравје, сигурност, ризк, чесна жена, добро потомство и сè што ми треба, и тоа да биде халал и да ми помага во послушноста кон Тебе. Потоа ја спомна причината зошто тоа да се подобри; велејќи: „Затоа што тука живеам“ тука е местото каде опстојувам за времетраењето на мојот живот. „Уреди го мојот ахирет (оној свет) каде ќе бидам оживеан“, моето враќање и средбата со Тебе со добрите дела и Аллаховото упатство за Аллаховиот роб да прави богоугодни дела, да биде искрен и да заврши со убав крај. Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го спомна оној свет после овој свет. Затоа што првото е средство за поправање на второто, па кој е исправен во својот световен живот во согласност со Аллаховата волја, неговиот задгробен живот ќе биде исправен за него и тој ќе биде среќен во него. „Мојот живот“ и должината на моето живеење „нека биде зголемување на секое добро“, да ги зголемам добрите дела „а смртта нека биде“ и нејзиното брзо доаѓање „спас од сѐ што е лошо“, од искушение, неволја, непослушност и безгрижност, и избавување од маките и тагите на овој свет и постигнување на спокој.فوائد الحديث
Верата е најважното нешто, затоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ја започнал довата-молитвата со неа.
Верата е заштита за човекот која го брани од секое зло.
Довата во која бараме овосветски работи е само заради подобрување во верата и идниот свет.
Не е забрането да се посакува смрт поради страв од искушение во верата, или да се молиме на Аллах за смрт како шехиди.