إعدادات العرض
„Реков: ,О, Аллахов пратенику, кому треба најмногу да му укажам добрина?‘…
„Реков: ,О, Аллахов пратенику, кому треба најмногу да му укажам добрина?‘ Тој одговори: ,На мајка ти, па на мајка ти, па на мајка ти, па на татко ти, а потоа на оние што се најблиски – според роднинската блискост.‘“
Бехз бин Хаким, пренесува од неговиот татко, а тој од неговиот дедо, дека рекол: „Реков: ,О, Аллахов пратенику, кому треба најмногу да му укажам добрина?‘ Тој одговори: ,На мајка ти, па на мајка ти, па на мајка ти, па на татко ти, а потоа на оние што се најблиски – според роднинската блискост.‘“
الترجمة
العربية Bosanski English فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو हिन्दी 中文 Kurdî Português Tiếng Việt অসমীয়া Nederlands Kiswahili Hausa ગુજરાતી සිංහල Magyar ქართული Română ไทย తెలుగు मराठी دری አማርኛ বাংলা Malagasyالشرح
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека најзаслужна за добрина, внимание, убав однос, соживот и чување на роднинските врски – е мајката. Тој трипати го повторил нејзиното право, за да ја истакне нејзината вредност над сите луѓе – без исклучок. Потоа рекол дека по мајката доаѓа таткото, а потоа роднините – по редослед на блискост. Колку е некој поблизок, толку е поголемо неговото право на поврзување преку роднински врски.فوائد الحديث
Хадисот укажува на редоследот во покажувањето добрина: прво мајката, потоа таткото, а потоа роднините – според нивната близина.
Истакнување на положбата на родителите, а особено на мајката.
Во хадисот трипати се спомнува добрината кон мајката, за да се истакне нејзината голема заслуга кон децата – поради сите маки, напори и тешкотии што ги поднесува: од бременоста, преку породувањето, до доењето – кои се нејзина посебна обврска – а потоа заедно со таткото учествува и во воспитувањето.