إعدادات العرض
,Што им е на тие луѓе што велат вака и вака? А јас клањам и спијам, постам и не постам, и се женам. Кој го остава мојот Сунет – не ми припаѓа мене.“
,Што им е на тие луѓе што велат вака и вака? А јас клањам и спијам, постам и не постам, и се женам. Кој го остава мојот Сунет – не ми припаѓа мене.“
„Енес, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека неколкумина од другарите на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ги прашале неговите сопруги за неговите дела кога е сам. Откако дознале, некои од нив рекле: ,Јас нема да се женам.‘ Друг рекол: ,Јас нема да јадам месо.‘ А трет рекол: ,Јас нема да спијам во постела.‘ Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го слушнал тоа, Го пофалил Алах и Му се заблагодарил Нему, па рекол: ,Што им е на тие луѓе што велат вака и вака? А јас клањам и спијам, постам и не постам, и се женам. Кој го остава мојот Сунет – не ми припаѓа мене.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Kurdî Português සිංහල Kiswahili অসমীয়া Tiếng Việt ગુજરાતી Nederlands Hausa മലയാളം Română Magyar ქართული Moore ไทยالشرح
Неколкумина од асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, дошле кај сопругите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и ги прашале за неговите ибадети што ги извршувал тајно, во својот дом. Кога слушнале какви биле тие дела, им се сториле недоволни, па рекле: „Како да се споредуваме ние со Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем? Нему му се простени и претходните и идните гревови, а ние не знаеме дали ќе ни биде простено. Затоа треба уште повеќе да се трудиме во ибадетот, за можеби да ја заслужиме Аллаховата прошка.“ Еден од нив рекол: „Јас нема да се женам.“ Друг рекол: „Јас нема да јадам месо.“ А трет рекол: „Јас нема да спијам на постела.“ Кога оваа вест стигнала до Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, се налутил, се искачил на минберот и им се обратил на луѓето. Го пофалил Аллах, Му се заблагодарил, а потоа рекол: „Што им е на некои луѓе кои велат вака и вака?! – Се колнам во Аллах, јас сум најбогобојазливиот меѓу вас и најмногу се плашам од Аллах, но сепак спијам и се одморам, станувам за ноќен намаз, постам и прекинувам со постот, и се женам. А оној го напушта мојот Сунет, земајќи и сметајќи дека е посовршен некој друг пат – тој не е од мене.“فوائد الحديث
Љубовта на асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, кон доброто и нивната желба да го постигнат тоа, како и нивниот стремеж да го следат примерот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.
Леснотијата и милоста на шеријатот, што јасно се манифестираат во делата и упатството на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Добрината и бериќетот се во следењето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и во придржувањето кон неговата чесна пракса.
Предупредувањето да не се преоптоваруваме себеси и да не претеруваме во ибадетите со она што човекот не може да го издржи – бидејќи таквата пракса се смета за едно од обележјата на новотарите.
Ибн Хаџер рекол: „Претераната строгост во ибадетот води до здосадување, што може да резултира со напуштање на самата обврска. А ограничувањето само на фарзовите и запоставувањето на нафилите доведува до мрзеливост и слаб интерес за ибадет. Најдоброто е средниот пат – умереноста.“
Од хадисот се разбира дека е дозволено да се прашува за состојбите на големите луѓе со цел да се следи нивниот пример – и ако тоа не може да се дознае преку мажите, дозволено е да се прашаат сопругите.
Хадисот исто така укажува на важноста на советување, поставување прашања поврзани со науката и појаснување на верските прописи за шеријатските обврзници – како и отстранување на нејаснотиите кај оние кои се трудат во верата.
Наредба за умереност во ибадетот, со истрајно извршување и на фарзовите и на нафилите (доброволните дела) – при што муслиманот треба да ги има предвид и правата на другите што го опкружуваат.
Хадисот исто така укажува на доблеста на бракот и поттикнува на стапување во брачна заедница.