Кој ќе каже трипати: ,Во името на Аллах, со чие име ништо не може да му наштети (на човек), на Земјата или на небото, а Тој сè Слуша, и сè знае“ трипати, нема да го снајде…

Кој ќе каже трипати: ,Во името на Аллах, со чие име ништо не може да му наштети (на човек), на Земјата или на небото, а Тој сè Слуша, и сè знае“ трипати, нема да го снајде ненадејна несреќа до утрото

Од Ибан ибн Осман, кој рекол: Го слушнав Осман ибн Афан, радијаллаху анху, кога рче Го слушнав Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: Кој ќе каже трипати: ,Во името на Аллах, со чие име ништо не може да му наштети (на човек), на Земјата или на небото, а Тој сè Слуша, и сè знае“ трипати, нема да го снајде ненадејна несреќа до утрото. А кој ќе го каже ова трипати наутро, нема да го снајде ненадејна несреќа до вечерта. Тој рече: Тогаш Ибан ибн Осман беше погоден со парализа. Човекот што го слушнал хадисот од него почнал да го гледа, па му рекол: „Зошто ме гледаш?“ „Се колнам во Аллах, јас не лажам за Осман, ниту пак Осман лажеше за Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Но, на денот кога се случи тоа што ми се случи, бев лут и заборавив да го кажам тоа.“

[صحيح] [رواه مسلم وأخرج البخاري الجملة الأخيرة منه]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, објаснил дека секој што ќе каже секое утро по изгрејсонце и секоја вечер пред зајдисонце, трипати: „Бисмиллах“ барам помош и заштита од секое штетно нешто, „Еллези ла једурру меа“ со спомнувањето „Исмихи“ (на Неговото име), ништо „Шеј'ун“ не може да наштети, без разлика колку е тоа големо, „Фил ерди“ на Земјата или надвор од неа, „Ве ла фис-семаи“ ниту на небото или да се спушти од небото некаква несреќа, „Ве хувес-семи'у“ и Тој ги слуша нашите зборови, „Алим“ и ги знае нашите состојби. . Кој ќе го каже ова навечер, нема да го снајде несреќа до наутро, а кој ќе го каже наутро, нема да го снајде несреќа до навечер. Раскажувачот на хадисот, Ибан бин Осман, бил погоден од парализа. Т.е. едната страна од телото, па човекот кој го слушнал како зборува зачудено го погледнал Ибан! Му рекол на човекот: „Зошто ме гледаш така?! Се колнам во Аллах, дека не лажев за Осман, ниту пак Осман лажеше за Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, но, на денот кога ми се случи ова, Аллах одреди да не ги кажам овие зборови, бев лут и заборавив да ги кажам споменатите зборови.“

فوائد الحديث

Оваа дова се препорачува наутро и навечер. За да може човекот, со дозвола на Семоќниот Аллах, да биде заштитен од ненадејна несреќа, штета, или слично.

Силно убедување во Аллах кај првите генерации и верување во она што ни го кажал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

Една од придобивките од ограничувањето на зикирот наутро и навечер е муслиманот да не биде немарен и постојана свесност дека е Аллахов роб.

Според јачината на верувањето на оној кој го спомнува Аллах и неговата понизност и присутност на срцето, пропратено со искреноста и цврсто убедување, ќе се оствари резултатот на спомнувањето на Аллах.

التصنيفات

Утрински и вечерни зикрови