Дали знаете што вели вашиот Господар?' Присутните рекоа: ,Тоа најдобро го знаат Аллах и Неговиот пратеник.' Рече: ,Некои мои робови се разбудија како верници а некои…

Дали знаете што вели вашиот Господар?' Присутните рекоа: ,Тоа најдобро го знаат Аллах и Неговиот пратеник.' Рече: ,Некои мои робови се разбудија како верници а некои како неверници

Зејд ибн Халид ел Џухени, Аллах нека е задоволен со него, пренесува: „Божјиот пратеник нè предводеше на утринскиот (сабах) намаз кај Худејбије по една дождлива ноќ. По намазот се сврте кон луѓето и рече: ,Дали знаете што вели вашиот Господар?' Присутните рекоа: ,Тоа најдобро го знаат Аллах и Неговиот пратеник.' Рече: ,Некои мои робови се разбудија како верници а некои како неверници. Тие што рекоа: Врне дожд поради Аллаховата добрина и сомилост, се верници и тие не веруваат во планетите. Другите кои рекоа врне дожд поради оваа позиција на ѕвездите не веруваат во Мене, туку веруваат во планетите.'"

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го предводеше намазот во Худејбија, село во близина на Мека, по дождот што падна таа ноќ. Кога заврши со намазот, се сврте кон луѓето и ги праша: „Дали знаете што вели вашиот Господар?“ Тие одговорија: „Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат.“ Тој рече: „Аллах објасни дека луѓето се делат на две групи при паѓањето на дождот: едната група верува во Аллах, а другата не верува во Аллах. Оние кои велат: ,Дождот падна со Аллаховата добрина и самилост ' и му го припишуваат дождот на Аллах, тие се верници во Аллах, Создателот и Управителот на универзумот, и не веруваат во ѕвездите. Додека оние кои велат: ,Дождот падна поради позицијата на таа и таа ѕвезда’, тие се неверници во Аллах, а верници во ѕвездите." Ова е мало неверство (куфр) бидејќи го припишуваат дождот на ѕвездите, а Аллах не одредил ѕвездите да бидат ниту шеријатска ниту природна причина за дождот. Што се однесува до оние кои го припишуваат паѓањето на дождот и другите овоземски настани на движењето на ѕвездите, верувајќи дека тие се вистинските причинители на тие настани, тие направиле големо неверство.

فوائد الحديث

Препорачливо е по паѓањето на дождот да се каже: „Мутирна би фадлиллахи ве рахметихи.“ (Дождот врнеше со Аллаховата добрината и сомилост.)

Кој ја припишува благодатта на дождот или другите благодати на ѕвездите како создавачи и чинители, таквиот направил големо неверство. Додека оној кој ги припишува ѕвездите како причина за тие благодати, направил мало неверство, бидејќи Аллах не ги одредил ѕвездите да бидат ниту шеријатска ниту природна причина за таква појава.

Благодатта може да биде причина за неверство ако не се заблагодарува за неа, и причина за иман ако се изразува благодарност.

Забрането е да се каже: „Дождот падна за време кога таа и таа ѕвезда се наоѓа на таа позиција“, дури и ако се сака да се укаже на временскиот период, за да се избегне ширкот.

Срцето мора да биде поврзано исклучиво со Аллах кога се во прашање стекнувањето на благодатите и одбивањето на несреќите.