„Кој, во нашата вера, ќе воведе нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“

„Кој, во нашата вера, ќе воведе нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“

Од мајката на верниците, Уму Абдуллах Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој, во нашата вера, ќе воведе нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“ „Кој ќе направи дело кое не сме го наредиле, тоа дело е одбиено.“

[صحيح] [رواه البخاري ومسلم]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека кој измислува нешто ново во верата или прави дело што не е базирано врз Куранот и Сунетот, тоа ќе биде одбиено и нема да биде прифатено од Аллах.

فوائد الحديث

Ибадетите се базираат само врз Куранот и хадисот, ние не го обожуваме Аллах, Возвишениот, на друг начин освен на оној што ни е пропишан со верозаконот, а не според измислени новини.

Верата не е подложна на формулирање според нечие мислење и не се одредува според тоа што се смета за убаво, туку е со следење на Аллаховиот пратеник, алејхи селам.

Овој хадис укажува на совршеноста на верата.

„Бидат“ е секоја измислица/новина што се внесува во верата, а која не постоела во времето на Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и неговите асхаби, било да е верување, говор или дело.

Овој хадис е еден од основите на исламот и служи како вага за делата. Како што за секое дело кое не е направено во име на Аллах сторителот нема да биде награден, истотака секое дело кое не е направено според традицијата на Аллаховиот пратеник нема да му се прифати на сторителот.

Хадисот претставува правило за отфрлање на новововедените работи и за осудување на лошите работи.

Измислени забранети работи се тие поврзани со верата, а не со овоземските работи.