„Кој ќе се заколне во аманетот (поверливоста) тој не е од нас.“

„Кој ќе се заколне во аманетот (поверливоста) тој не е од нас.“

Бурејде, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе се заколне во аманетот (поверливоста) тој не е од нас.“

[صحيح] [رواه أبو داود وأحمد]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забранил и предупредил против заклетвата со аманетот, и рекол дека оној што ќе го стори тоа, не е од нас.

فوائد الحديث

Заколнувањето со нешто друго освен во Севишниот Аллах е забрането. Во тоа спаѓа и заклетвата со аманетот, и се смета за мал ширк.

Зборот аманет ги опфаќа покорноста, ибадетот, доверените предмети, парите и давањето сигурност.

Заклетвата е валидна само доколку е дадена во името на Аллах, со едно од Неговите имиња или со некое од Неговите својства.

Ел-Хатаби рекол: „Причината за оваа забрана може да биде тоа што е наредено да се заколнува само во Аллах и во Неговите својства, а аманетот не е едно од Неговите својства, туку спаѓа во Неговите наредби и прописи. Затоа беше забрането, за да не се изедначи аманетот со Аллаховите имиња и својства.“

التصنيفات

Ширк (политеизам)