إعدادات العرض
па земал абдест на начинот на кој Пратеникот тоа го правел
па земал абдест на начинот на кој Пратеникот тоа го правел
Јахја бин Умаре ел-Музени, рекол: Бев присутен кога Амр бин Ебу Хасан го прашал Абдулах бин Зејд како Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, земал абдест. Абдулах бин Зејд побарал сад, па земал абдест на начинот на кој Пратеникот тоа го правел. Ја наведнал чинијата со вода преку рацете и ги измил трипати. Потоа ја ставил раката во садот и трипати со едната рака ги исплакнал устата и носот. Потоа ја ставил раката во садот и трипати го измил лицето. Повторно ја ставил раката во садот и двапати ги измил рацете до зад лактите. Потоа ја ставил раката во садот и ги триел предниот и задниот дел од главата. Потоа ги измил стапалата до над глуждовите.
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Português Kurdî Kiswahili සිංහල Tiếng Việt Svenska ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá پښتو অসমীয়া دری Кыргызча or Malagasy नेपाली Čeština Oromoo Română Nederlands Soomaali తెలుగు മലയാളം Lietuvių Српски ไทย Українська Kinyarwanda Shqip ಕನ್ನಡ Wolof Moore ქართული Magyar தமிழ் Azərbaycanالشرح
Абдулах бин Зејд, радијаллаху анху, практично ни објаснува како Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, земал абдест. Побарал мал сад со вода. Почнал прво да ги мие рацете, од садот истурил вода со која ги измил трипати, надвор од садот. Потоа ја ставил раката во садот и ја зел од водата, па устата и носот трипати ги исплакнал со три грста вода. Потоа зел од водата во садот и го измил лицето трипати. Потоа ја зел водата и двапати ги измил рацете до лактите. После тоа ги ставил рацете во садот и со нив поминал врз горниот дел од главата, почнувајќи од предниот дел над челото па сè до тилот, врвот на вратот, а потоа наназад до таму од каде што започнал. Потоа ги измил нозете, опфаќајќи ги и глуждовите.فوائد الحديث
Учителот треба да најде наједноставен начин знаењата да се разберат и адекватно да се вкоренат кај ученикот. Еден од тие начини е практично да го покажеме тоа што го подучуваме.
За време на абдестот, дозволено е да се мијат некои делови од телото трипати, некои двапати, а обврска е еднаш.
Обврска е да се запази редоследот наведен во хадисот при земањето абдест.
Границите до кои се мие лицето при абдестот се: во должина од врвот на челото до коренот на вилицата и брадата и во ширина од едното уво до другото.
التصنيفات
Начин на земање абдест