„,Бидете умерени и настојувајте да постапувате исправно, и знајте дека никој од вас нема да биде спасен поради своите дела.‘…

„,Бидете умерени и настојувајте да постапувате исправно, и знајте дека никој од вас нема да биде спасен поради своите дела.‘ Тие рекоа: ,О, Божји пратенику, дури ниту ти?‘ Тој одговори: ,Ниту јас, освен ако Аллах не ме облее со Својата милост и благодат.‘“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Бидете умерени и настојувајте да постапувате исправно, и знајте дека никој од вас нема да биде спасен поради своите дела.‘ Тие рекоа: ,О, Божји пратенику, дури ниту ти?‘ Тој одговори: ,Ниту јас, освен ако Аллах не ме облее со Својата милост и благодат.‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ги поттикнувал асхабите да работат и да се плашат од Аллах онолку колку што можат, без претерување и без запоставување. Тој ги советувал нивните дела да бидат исправни, со искрена намера кон Аллах и во согласност со Сунетот, за да бидат прифатени и да станат причина за спуштање на Божјата милост врз нив. Потоа им кажал дека никој нема да биде спасен само поради своите дела, туку неопходна е и Аллаховата милост. Тие прашаа: „О, Божји пратенику, дури ни тебе, со оглед на твојата возвишена положба?“ Тој одговори: „Дури ни јас, освен ако Аллах не ме облее со Својата милост и благодат.“

فوائد الحديث

Ен-Невеви рекол: „(Бидете умерени и настојувајте да постапувате исправно): Трудете се вашите постапки да бидат исправни и да дејствувате според тоа. А ако не можете целосно да го постигнете тоа, тогаш приближете се што е можно повеќе до исправноста. Исправноста претставува рамнотежа помеѓу претерувањето и запоставувањето. Затоа, не претерувајте, но и не бидете немарни.“

Ибн Баз рекол: „Добрите дела се причина за влез во Џенетот, исто како што лошите дела се причина за влез во Џехенемот. Овој хадис појаснува дека влегувањето во Џенетот не се постигнува само со делата, туку е неопходна и Аллаховата милост и прошка. Луѓето ќе влезат во Џенетот како последица на нивните дела, но она што, всушност, ќе го овозможи тоа е милоста, прошката и благодатта на Возвишениот Аллах.“

Робот не треба да се залажува ниту да се восхитува на своите дела, без разлика колку се големи, бидејќи Аллаховото право е многу поголемо од неговите дела. Затоа, човекот секогаш треба да живее помеѓу стравот и надежта во Аллах.

Аллаховата милост и благодат кон Неговите робови се неизмерно поголеми од нивните дела.

Добрите дела се причина за влез во Џенетот и неговото постигнување бива преку Аллаховата милост и благодат.

Ел-Кирмани рекол: „Ако никој не може да влезе во Џенетот освен со Аллаховата милост, тогаш причината зошто Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, посебно се спомнува во хадисот е затоа што, иако е сигурно дека тој ќе влезе во Џенетот, сепак нема да влезе освен со Аллаховата милост. Ако тоа важи за него, тогаш уште повеќе важи за другите.“

Ен-Невеви рекол за значењето на Аллаховите зборови:

„Влезете во Џенетот поради тоа што го правевте!“ (Ен Нахл, 32)

„Ете, тоа е Џенетот кој ви е подарен како награда за тоа што го правевте." (Ез Зухруф, 72)

и слични ајети кои укажуваат дека со делата се влегува во Џенетот; дека тие не се во противречност со хадисите што велат дека никој нема да влезе во Џенетот само со своите дела. Туку, значењето на овие ајети е дека делата се причина за влез во Џенетот. Но, самото упатување кон правењето добри дела, искреноста во нив и нивното прифаќање се поради Аллаховата милост и благодат.

Затоа, вистина е дека човекот нема да влезе во Џенетот само поради своите дела, како што укажуваат хадисите, но исто така е точно и дека влегува поради нив, односно како причина за тоа – бидејќи и самите дела се дел од Аллаховата милост.

Ибн ел-Џевзи рекол: „Од ова се извлекуваат четири одговори.

Прво: Успехот во извршувањето на добрите дела е дел од Аллаховата милост. Да не беше Неговата претходна милост, немаше да има ниту иман, ниту покорност преку која се постигнува спасение.

Второ: Сè што робот прави му припаѓа на неговиот Господар, па неговите дела се должност кон Аллах. Затоа, секоја награда што ќе ја добие е од Аллаховата благодат.

Трето: Во некои хадиси се наведува дека самиот влез во Џенетот е со Аллаховата милост, додека степените во Џенетот се распределуваат според делата.

Четврто: Добрите дела се извршуваат во ограничено време, додека наградата во Џенетот е вечна. Па така, вечната награда не може да биде само поради ограничените дела, туку е резултат на Аллаховата благодат, а не само последица на самите дела.

Ер-Рафеи рекол: „Оној што прави добри дела не треба да се потпира само на нив во надеж за спасение и постигнување високи степени, бидејќи тој ги извршува единствено со Аллаховото упатство, а гревот го избегнува само со Аллаховата заштита. Што значи, дека сè е резултат на Неговата милост и благодат.“

التصنيفات

Тевхид на Аллаховите имиња и атрибути