Беше спомнат човек пред Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој преспал цела ноќ сè до разденување. Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Тоа…

Беше спомнат човек пред Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој преспал цела ноќ сè до разденување. Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Тоа е човек во чие уво шејтанот се измокрил,“ или рече: „во неговите уши.“

Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Беше спомнат човек пред Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој преспал цела ноќ сè до разденување. Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Тоа е човек во чие уво шејтанот се измокрил,“ или рече: „во неговите уши.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Пред Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бил спомнат човек кој спиел сè до разденување и изгрејсонце, и не станал за задолжителниот сабах намаз. Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Тоа е човек во чие уво шејтанот се измокрил.“

فوائد الحديث

Непожелно е да се остава ноќниот намаз, а тоа се случува поради шејтанот.

Потребно е да се внимава на шејтанот, кој му застанува на човекот на секој пат за да го оддалечи од покорноста кон Возвишениот Аллах.

Ибн Хаџер рекол: Зборовите „не станал за намаз“ се однесуваат на намазот воопшто, но може да значат и конкретен намаз, било да е тоа ноќниот или пропишаниот намаз.

Ет-Тиби рекол: Посебно е спомнато увото, иако окото е повеќе поврзано со сонот, како навестување на тежината на сонот, бидејќи слухот е основниот фактор за будење. А споменувањето на мокрењето е затоа што тоа најлесно продира во шуплините и најбрзо се шири низ вените, предизвикувајќи мрзеливост во целото тело.

التصنيفات

Обавезнота на намазот и прописот за оној кој го остава