إعدادات العرض
„Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му го посакува на својот брат она што го посакува за себе.“
„Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му го посакува на својот брат она што го посакува за себе.“
Од Енес, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му го посакува на својот брат она што го посакува за себе.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Kurdî Português සිංහල አማርኛ অসমীয়া Kiswahili Tiếng Việt ગુજરાતી Nederlands پښتو नेपाली ไทย മലയാളം Svenska Кыргызча Română Malagasy ಕನ್ನಡ Српски తెలుగు ქართული Moore Magyar Kinyarwandaالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека иманот на муслиманот нема да биде целосен сè додека не го посака за својот брат истото она што го посакува за себе – било во поглед на верата или во овосветските работи. Исто така, не треба да му посакува нешто што и самиот не би го сакал за себе. Ако забележи недостаток во верата на својот брат муслиман, треба да се потруди да му помогне да се поправи. А ако кај него види нешто добро, треба да го поддржи во тоа, да му помогне и да му даде искрен совет за она што е поврзано со неговата вера и овосветските потреби.فوائد الحديث
Човекот е должен да му го посака на својот брат истото што го посакува за себе, бидејќи негацијата на иманот кај оној што не го прави тоа укажува дека се работи за должност.
Братството во името на Аллах е над крвното братство, затоа неговите права се поприоритетни.
Сè што е во спротивност со оваа љубов е забрането, било со зборови или дела, како што се измамата, озборувањето, зависта и нападот врз животот, имотот или честа на муслиманот.
Во хадисот се користат зборови што поттикнуваат на дело, како што е изразот „на својот брат“.
Ел-Кирмани, Аллах нека му се смилува, рекол: „Дел од иманот е исто така човекот да го мрази за својот брат она што го мрази за себе од злото. Ова не е дирекно спомнато во хадисот, бидејќи љубовта кон нешто неизбежно подразбира омраза кон неговата спротивност, па затоа не било потребно да се нагласи.“
التصنيفات
Добри морални особини