„Кој ќе земе абдест и тоа ќе го направи на убав начин, а потоа ќе дојде на џума, внимателно слушајќи и молчејќи, ќе му бидат простени гревовите помеѓу двете џуми,…

„Кој ќе земе абдест и тоа ќе го направи на убав начин, а потоа ќе дојде на џума, внимателно слушајќи и молчејќи, ќе му бидат простени гревовите помеѓу двете џуми, плус три дополнителни дена

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе земе абдест и тоа ќе го направи на убав начин, а потоа ќе дојде на џума, внимателно слушајќи и молчејќи, ќе му бидат простени гревовите помеѓу двете џуми, плус три дополнителни дена. Оној што ќе ги допира каменчињата (за време на хутбата), веќе ја намалил својата награда.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснува дека оној кој ќе земе абдест и тоа темелно ќе го изврши, исполнувајќи ги неговите рукнови, сунети и адаби, а потоа ќе дојде на џума намаз, ќе ја слуша хутбата на имамот внимателно и ќе се воздржи од празни зборови, Аллах ќе му ги прости малите гревови за десет дена, од оваа до наредната џума, плус три дополнителни дена, бидејќи доброто дело се наградува десеткратно. Потоа, салаллаху алејхи ве селем, предупредил дека е неопходно срцето да биде концентрирано и присутно за да ги прими пораките што се изнесуваат за време на хутбата и дека треба да се избегнува секое одвлекување на вниманието, како на пример допирање каменчиња или друг вид расеаност. Оној кој го прави тоа ја намалил наградата од џума намазот, и нема да ја добие целосната награда.

فوائد الحديث

Поттик за темелно и исправно извршување на абдестот, како и грижата за редовното клањање на џума намазот.

Вредноста на џума намазот.

Обврска за внимателно слушање на хутбата и воздржување од зборување или што било друго што го одвлекува вниманието.

Оној кој ќе биде невнимателен или ќе зборува за време на хутбата, неговиот џума намаз ќе биде валиден и ќе ја исполни верската должност, но наградата ќе му биде намалена.

التصنيفات

Вредноста на џума намаз