„Довата помеѓу езанот и икаметот не се одбива.“

„Довата помеѓу езанот и икаметот не се одбива.“

Енес бин Малик, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Довата помеѓу езанот и икаметот не се одбива.“

[صحيح] [رواه أبو داود والترمذي والنسائي]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја објаснил вредноста на довата помеѓу езанот и икаметот, и дека нема да биде одбиена и сигурно ќе биде примена, затоа молете Му се на Аллах во тоа време.

فوائد الحديث

Вредноста на овој период за упатување на дова.

Ако молителот се придржува кон бонтонот на довата, ги избира најдобрите времиња и места за тоа, избегнува непокорност кон Аллах, презема мерки на претпазливост да не западне во сомнеж, и има убави мисли за Аллах, тогаш тој е достоен да му биде одговорено на неговата молба, со Аллаховата дозвола.

Мунави за одговорот на довата рекол: Откако ќе се исполнат условите, столбовите и етикетата на довата, ако нешто недостасува, тогаш немој да обвинува никого освен себеси.

Одговарање на довата е со: Или ќе му биде брзо примена, или ќе се заштити од некое зло, или ќе му биде сочувана за ахирет. Според Аллаховата мудрост и милост.

التصنيفات

Причини за прифаќање и непрофаќање на довата