„Аллахумме инни еузу бике мин зевали ни'метике, ве техаввули 'афијетике ве фуџаети ни'метике, ве џемиа' сехатике (О Аллаху, барам засолниште кај Тебе од губењето на…

„Аллахумме инни еузу бике мин зевали ни'метике, ве техаввули 'афијетике ве фуџаети ни'метике, ве џемиа' сехатике (О Аллаху, барам засолниште кај Тебе од губењето на Твоите благодети, од промените на Твојата благосостојба, од ненадејноста на Твојата казна и сиот Твој гнев)“

Од Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, се пренесува: „Една од довите кои ги кажуваше Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше: „Аллахумме инни еузу бике мин зевали ни'метике, ве техаввули 'афијетике ве фуџаети ни'метике, ве џемиа' сехатике (О Аллаху, барам засолниште кај Тебе од губењето на Твоите благодети, од промените на Твојата благосостојба, од ненадејноста на Твојата казна и сиот Твој гнев)“.

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бараше засолниште од четири работи: Прво: (О Аллаху, барам засолниште кај Тебе од губењето на Твоите благодети) во верата и овосветските работи, и да останам цврсто во исламот, да ги избегнувам гревовите кои се причина за губењето на благодетите. Второ: (од промените на Твојата благосостојба) со тоа што ќе се променат во неволја; Те молам за континуирано здравје и сигурност од болки и болести. Трето: (од ненадејноста на Твојата казна) во вид на неволја или несреќа. Ако казната или одмаздата дојде ненадејно и неочекувано, нема време за покајание и поправање, и затоа, погодениот е во многу потешка ситуација. Четврто: (и сиот Твој гнев) и причините кои го предизвикуваат Твојот гнев; бидејќи кому Ти ќе му се налутиш, тој ќе пропадне и ќе биде губитник. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја користел сеопфатната форма која ги спомнала сите причини за Неговиот гнев, нека е славен и Возвишен Тој, од зборовите, делата и убедувањата.

فوائد الحديث

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и тој имал потреба од помомошта на Возвишениот Аллах.

Оваа благословена дова со која се бара засолниште, опфаќа: барање помош за благодарноста кон Аллах за благодетите и заштита од правењето на гревови, бидејќи тие се причината за губење на благодетите.

Секогаш да се избегнуваат причините кои ја предизвикуваат лутината на Возвишениот Аллах.

Тој, салаллаху алејхи ве селем, побара заштита од ненадејната казна на Возвишениот Аллах: затоа што, ако му се одмазди на робот, му донел несреќа која не може да ја одврати и ниту може во тоа да му помогне некое друго суштество, дури и сите се соберат.

Тој, саллаллаху алејхи ве селлем, побара заштита од промените во неговата благосостојба дадена од Возвишениот. Затоа што, ако Аллах го избрал за благосостојба, тогаш го постигнал најдоброто од двата света. Но, ако тоа се промени, тогаш е погоден од најлошото од двата света, бидејќи благосостојбата е исправност и она верата и на овосветските работи.

التصنيفات

Довите пренесени во верските текстови