„Нема да се одржи ниту една седенка на која нема да се спомене Аллах и нема да се испрати салават на нивниот пратеник, а, таа седенка, да не биде причина за нивно…

„Нема да се одржи ниту една седенка на која нема да се спомене Аллах и нема да се испрати салават на нивниот пратеник, а, таа седенка, да не биде причина за нивно каење. Па, ако сака – Аллах ќе ги казни, а ако сака – ќе им прости.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Нема да се одржи ниту една седенка на која нема да се спомене Аллах и нема да се испрати салават на нивниот пратеник, а, таа седенка, да не биде причина за нивно каење. Па, ако сака – Аллах ќе ги казни, а ако сака – ќе им прости.“

[صحيح]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, предупредил на опасноста од занемарување на спомнувањето на Аллах, и дека секоја седенка на која луѓето ќе се соберат, и нема да го спомнат Аллах и нема да испратат салават на Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ќе им биде причина за жал, каење, загуба и недостаток на Судниот ден. Па, ако сака Аллах – ќе ги казни поради нивните претходни гревови и идни пропусти, а ако сака – ќе им прости, поради Своја добрина и милост.

فوائد الحديث

Поттик на спомнување на Аллах и укажување на неговата вредност.

Вредноста на седенките во кои се спомнува Аллах и се испраќа салават на Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и предупредување дека седенките во кои тоа се изоставува ќе бидат причина за несреќа и каење на Судниот ден.

Предупредувањето од занемарување на спомнувањето на Аллах не се ограничува само на седенките, туку го опфаќа секое место. Ен-Невеви вели „Непожелно е човек да седи на некое место, и да го напушти пред да го спомне Аллах.“

Жалоста на Судниот ден ќе биде или поради пропуштената можност за награда, бидејќи времето не било искористено во послушност кон Аллах, или поради грев и казна, затоа што времето било потрошено во непокорност кон Него.

Ако ова предупредување важи за дозволените седенки на кои е изоставено спомнувањето на Аллах – тогаш колку посериозна е состојбата со забранетите седенки исполнети со озборување, клевета и други гревови?!

التصنيفات

Општи зикрови