„Отстрани ја болеста, Господару на луѓето! Излечи го – Ти си Исцелителот! Нема исцелување освен Твоето исцелување – излекување што не остава никаква болест зад…

„Отстрани ја болеста, Господару на луѓето! Излечи го – Ти си Исцелителот! Нема исцелување освен Твоето исцелување – излекување што не остава никаква болест зад себе.“

Мајката на верниците, Аиша – Аллах нека е задоволен со неа – пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе посетеше болен човек, се молеше за него и велеше: „Отстрани ја болеста, Господару на луѓето! Излечи го – Ти си Исцелителот! Нема исцелување освен Твоето исцелување – излекување што не остава никаква болест зад себе.“ (Езхибил-бе'се раббен-наси, вешфи ве ентеш-шафи, ла шифае илла шифауке, шифаен ла југадиру секамен)

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Кога Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ќе посетеше болен, на Аллах му упатуваше дова за него, велејќи: О, Аллах, „отстрани ја“ и оттргни ја „болеста“ и тежината на болеста! „Господару на луѓето“, нивен Создател и Снабдувач, „излечи го“ овој болен – „Ти си“, Славен и Возвишен, „Исцелителот!“ Те молам со Твоето Име „Еш-Шафи“ – Лекувачот – „нема излекување“, Ти си Единствениот чиј лек е вистински лек, „освен Твоето излекување“ – целосно и потполно, „излекување што не остава зад себе никаква болест.“

فوائد الحديث

„Еш-Шафи“ – Лекувачот – е Возвишениот Аллах, додека лекарот и лекот се само причина или средство, кои сами по себе не можат ниту да користат ниту да наштетат – освен со Аллахова дозвола.

Посетата на болниот е едно од правата кои треба да се почитуваат помеѓу муслиманите, а кога станува збор за роднини – тогаш таа обврска е уште поголема.

Поттик за секого што посетува болен да направи дова за него со оваа благословена и автентична веровесничка дова.

Од практиката на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е лекувањето со шеријатска рукја – преку Куран и убави дови. Тој, салаллаху алејхи ве селем, се лечел со рукја кога бил болен, а истото го правел за своето семејство како и за другите луѓе.

Ибн Хаџер вели: „Некои се прашуваат: зошто да се прави дова за излекување на болниот, кога болеста е средство за бришење на гревовите и причина за награда – што е потврдено во бројни хадиси?

Одговорот е: правењето дова е ибадет и не противречи на добивањето награда и бришењето на гревовите, бидејќи тие се постигнуваат уште со самото појавување на болеста и трпението при болеста. Оној што прави дова, тој е меѓу две добра: или ќе му биде прифатена довата и ќе оздрави, или – ако не – ќе му биде надоместено со нешто уште подобро: или со некаква корист, или со спречување на некое зло. А сето тоа е од Аллаховата милост.“

التصنيفات

Шеријатска рукја, Едеби при посета на болниот