„,Навистина, мене најсаканите и најблиските до мене на Судниот ден се оние со најдобар морал

„,Навистина, мене најсаканите и најблиските до мене на Судниот ден се оние со најдобар морал

Џабир, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Навистина, мене најсаканите и најблиските до мене на Судниот ден се оние со најдобар морал. А најомразените кај мене и најоддалечените од мене на Судниот ден се наметливите говорници (ес-серсарун), оние кои самодопадливо се пренапрегнуваат во говорот (ел-мутешедикун) и оние кои зборуваат со надменост (ел-мутефејхикун).‘ Асхабите прашаа: ,Аллахов Пратенику, ги разбираме наметливите говорници и оние кои се пренапрегнуваат во говорот, но кои се ел-мутефејхикун?‘ Тој одговори: ,Тоа се вообразените кои се издигнуваат над другите.‘“

[صحيح] [رواه الترمذي]

الشرح

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека луѓето кои најмногу ги сака на овој свет, и најблиските до него по положба на Судниот ден, се оние со најубав морал. А тие кои најмногу ги мрази и најоддалечените од него на Судниот ден, се оние со најлош морал – а тоа се: – наметливите говорници (ес-серсарун) – кои зборуваат многу и без мера, излегувајќи од границите на вистината; – оние што се пренапрегнуваат во говорот (ел-мутешедикун) – кои вештачки се обидуваат да звучат речито, истакнувајќи се со својот говор без претпазливост и умереност; – и ел-мутефејхикун. Асхабите прашале: „О Аллахов пратенику, ги разбираме наметливите и оние што се пренапрегнуваат во зборувањето, но кои се ел-мутефејхикун?“ Тој одговорил: „Тоа се горделивите што се потсмеваат со луѓето – оние што претеруваат во говорот и прекумерно ги отвораат устите додека зборуваат.“

فوائد الحديث

Убавиот морал е причина човекот да ја заслужи љубовта на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и да му биде близок на Судниот ден – додека лошиот морал води до спротивното.

Убавиот морал е дел од причините луѓето да се сакаат меѓусебно, додека лошиот морал води до спротивното.

Поттик за однесување исполнето со добродетелство, скромност, воздржаност од грубост и пренапрегнување.

Предупредување од претерување во говорот, горделивост, наметнување и вештачко, пренапрегнато изразување.

التصنيفات

Добри морални особини