„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше најдарежливиот човек во правењето добро, а неговата дарежливост беше најизразена во месецот рамазан, кога…

„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше најдарежливиот човек во правењето добро, а неговата дарежливост беше најизразена во месецот рамазан, кога Џибрил, алејхи селам, го посетуваше

Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше најдарежливиот човек во правењето добро, а неговата дарежливост беше најизразена во месецот рамазан, кога Џибрил, алејхи селам, го посетуваше. Џибрил го посетуваше секоја ноќ сè додека месецот не завршеше, а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му го изложуваше Куранот. Кога Џибрил, алејхи селам, ќе го посетеше, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, стануваше подарежлив и од ветерот што носи благодати.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бил најдарежливиот меѓу луѓето, а неговата дарежливост најмногу беше изразена во месецот рамазан. Тој секогаш помагаше онаму каде што имаше најголема потреба и им даваше на тие што најмногу заслужуваа. Неговата зголемена дарежливост во рамазан се должеше на две причини: 1. Неговите средби со Џибрил, алејхи селам. 2. Повторувањето и читањето на Куранот напамет. Џибрил, алејхи селам, го посетуваше секоја вечер во текот на Рамазан за да го повторуваат целиот објавен Куран. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше најдарежливиот и најпосветен во правењето добри дела. Неговата добрина и корист за луѓето беа побрзи и пообилни од свежиот ветар кој Аллах го испраќа со дожд и милост.

فوائد الحديث

Опис на дарежливоста на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и неговата благородност, особено во месецот рамазан – месецот на покорноста и сезоната на добрите дела.

Поттикнување на дарежливост во секое време, со препорака за зголемување на доброчинствата и добрината во месецот рамазан.

Зголемување на дарувањето, добрината и великодушноста, како и на рецитирањето на Куранот во текот на месецот рамазан.

Една од причините за зачувувањето на знаењето е неговото споделување, учење и повторување заедно со учениците и учителите.

التصنيفات

Рамазан, Благородноста на Божјиот пратеник, мир и благослов над него