„Кој ќе посети болен чиј рок (смрт) сѐ уште не настапил, и седумпати кај него ќе каже: ,Го молам Возвишениот Аллах, Господарот на Величествениот Арш, да те излечи‘ (ес…

„Кој ќе посети болен чиј рок (смрт) сѐ уште не настапил, и седумпати кај него ќе каже: ,Го молам Возвишениот Аллах, Господарот на Величествениот Арш, да те излечи‘ (ес елуллах ел-Азим, раббел аршил Азим, ен јешфијеке) – Аллах ќе го излечи од таа болест.“

Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе посети болен чиј рок (смрт) сѐ уште не настапил, и седумпати кај него ќе каже: ,Го молам Возвишениот Аллах, Господарот на Величествениот Арш, да те излечи‘ (ес елуллах ел-Азим, раббел аршил Азим, ен јешфијеке) – Аллах ќе го излечи од таа болест.“

[صحيح] [رواه أبو داود والترمذي وأحمد]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека кога еден муслиман ќе посети болен муслиман, чие време на смртта сè уште не настапило, и кај него седумпати каже: „Го молам Возвишениот Аллах“ – Возвишен во Неговото битие, атрибути и дела – „Господарот на Величествениот Арш“ – да те излечи“, Аллах ќе го излечи од таа болест.

فوائد الحديث

Препорачливоста да се упати дова за болниот со овие зборови и да се повтори седум пати.

Исцелувањето се остварува со Аллахова дозвола, ако довата произлегува од искреност и добрина.

Довата може да се изговори тивко или гласно; и двата начина се дозволени, но подобро е болниот да ја чуе – бидејќи тоа му носи радост и утеха.

التصنيفات

Шеријатска рукја