„Кој ќе проучи харф - буква од Аллаховата Книга, ќе има добро дело, за кое ќе биде десетократно награден

„Кој ќе проучи харф - буква од Аллаховата Книга, ќе има добро дело, за кое ќе биде десетократно награден

Од Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху, се пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе проучи харф - буква од Аллаховата Книга, ќе има добро дело, за кое ќе биде десетократно награден. Јас не велам дека ,Елиф-лам-мим‘ е еден харф, туку ,елиф‘ е харф, ,лам‘ е харф и ,мим‘ е харф.“

[حسن] [رواه الترمذي]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè известил дека секој муслиман кој прочита само една буква од Аллаховата книга, ќе има награда за тоа, а таа награда се зголемува десеткратно. Потоа, пратеникот појаснил дека: Елиф-лам-мим не е една буква, туку елиф е буква, лам е буква и мим е буква. Затоа, за овие три букви човекот ќе има триесет севапи.

فوائد الحديث

Поттик почесто да го читаме Куранот.

Тој што го чита Куранот за секоја буква во зборот ќе добие награда која ќе се зголеми десетпати.

Големината на Аллаховата милост и Негова благородност, бидејќи на Неговиот роб му ја зголемува наградата.

Вредноста на Куранот во однос на останатиот говор, неговото читање претставува ибадет, а така е бидејќи тој е Аллахов говор.

التصنيفات

Вредноста на грижата за Куранот, Вредностите на Благородниот Куран