„Две работи меѓу луѓето се сметаат за неверување: клеветата околу потеклото и гласнот оплакување на мртвите.“

„Две работи меѓу луѓето се сметаат за неверување: клеветата околу потеклото и гласнот оплакување на мртвите.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Две работи меѓу луѓето се сметаат за неверување: клеветата околу потеклото и гласнот оплакување на мртвите.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ни кажува за две карактеристики на луѓето, кои се дела на неверниците и предисламската пракса, а тоа се: Прво: клеветата за лозата на луѓето, нивно омаловажување и покажување ароганција кон нив. Второ: кревање глас кога ќе се случи несреќа, изразувајќи со тоа незадоволство од судбината или кинење на облеката од голема тага.

فوائد الحديث

Поттик за покажување скромност, а не ароганција кон луѓето.

Неопходност од трпение кога се случуваат неволји и да не покажуваме лутина.

Овие работи се сметаат за мал куфр-неверување, а некој што ќе изврши некое од делата на мал куфр не се смета за неверник со кое излегува од верата, сè додека не направи голем куфр-неверување.

Исламот забранува сè што води до поделба меѓу муслиманите, како што е клевета/омаловажување за потеклото и други работи.

التصنيفات

Куфр (неверство)