إعدادات العرض
„,О, Божји пратенику, мајка ми почина. Кој вид на садака е најдобар за неа?“ Одговорил: ,Водата.‘ Тогаш Сад бин Убаде ископа бунар и рече: ,Ова е за мајката на Сад.‘“
„,О, Божји пратенику, мајка ми почина. Кој вид на садака е најдобар за неа?“ Одговорил: ,Водата.‘ Тогаш Сад бин Убаде ископа бунар и рече: ,Ова е за мајката на Сад.‘“
Од Сад бин Убадe, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „,О, Божји пратенику, мајка ми почина. Кој вид на садака е најдобар за неа?“ Одговорил: ,Водата.‘ Тогаш Сад бин Убаде ископа бунар и рече: ,Ова е за мајката на Сад.‘“
الترجمة
العربية অসমীয়া Bahasa Indonesia Kiswahili Tagalog አማርኛ Tiếng Việt ગુજરાતી Nederlands සිංහල پښتو Hausa മലയാളം ไทย नेपाली Кыргызча English Malagasy Svenska Română Kurdî Bosanski فارسی తెలుగు ქართული Moore Српски Magyar Portuguêsالشرح
Мајката на Сад бин Убаде, Аллах нека е задоволен со него, починала па тој го прашал Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, за тоа кој е најдобриот вид на садака што може да го даде за неа. Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, му одговорил: „Водата.“ Тогаш Сад ископал бунар и го посветил како садака за својата мајка.فوائد الحديث
Појаснување дека водата е еден од најдобрите видови на садака/милосрдие.
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го упатил Сад кон милосрдието со вода, бидејќи од неа имаме најголема корист како во верските така и во овосветовните работи, особено поради жештината, големата потреба и недостигот на вода.
Доказ дека наградата од садаката стигнува до умрените.
Почитта и добротворството на Сад бин Убаде, Аллах нека е задоволен со него, кон неговата мајка.