„Верникот не навредува, не проколнува, не е безобразен ниту бесрамен.“

„Верникот не навредува, не проколнува, не е безобразен ниту бесрамен.“

Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Верникот не навредува, не проколнува, не е безобразен ниту бесрамен.“

[صحيح] [رواه الترمذي]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека вистинскиот верник со целосен иман не ги навредува луѓето врз основа на нивното потекло, не пцуе и не проколнува, ниту е развратен во своите постапки и говор, без никаква срамежливост.

فوائد الحديث

Негирањето на иманот во шеријатските текстови се однесува исклучиво на извршување на забрането дело или на изоставување на обврска.

Поттик на чување на органите од лошите дела, особено јазикот.

Синди вели: „Употребата на суперлативната форма во зборовите ,не навредува‘ и ,не проколнува‘ укажува дека повременото навредување или проколнување на оние што тоа го заслужуваат не го исклучува човекот од описот на верник.“

التصنيفات

Добри морални особини, Едеби на слушањето и зборувањето