„Ако водата е со количина на два ,куллета‘, таа не може да е нечиста.“

„Ако водата е со количина на два ,куллета‘, таа не може да е нечиста.“

Од Абдулах ибн Омер, радијаллаху анхума, кој рекол: Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селлем, бил прашан за водата и за животните и ѕверовите што доаѓаат до неа. Тој, салаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Ако водата е со количина на два ,куллета‘, таа не може да е нечиста.“

[صحيح]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, бил прашан за прописот за чистотата на водата што ја користат животните и дивите ѕверови за пиење и слично. Тој, салаллаху алејхи ве селем, рекол: Ако водата достигне количина на два голема сада (волуменска маса), што е еднакво на (210) литри, тогаш тоа е голема количина на вода што не станува нечиста. Освен ако не се смени една од трите карактеристики: бојата, вкусот или мирисот поради нечистотија.

فوائد الحديث

Водата станува нечиста ако една од нејзините три карактеристики ќе се промени поради нечистотијата: нејзината боја, вкус или мирис. Хадисот се однесува на општата карактеристика, а не на специфичноста.

Исламските зналци се согласуваат дека ако водата се промени заради нечистотија, таа е апсолутно нечиста, без разлика дали се работи за малку или многу вода.

التصنيفات

Прописи поврзани со водата