إعدادات العرض
,Не ве терам да се колнете затоа што ве обвинувам, туку затоа што до мене дојде Џибрил и ме извести дека Возвишениот Аллах се гордее со вас пред мелеците.‘“
,Не ве терам да се колнете затоа што ве обвинувам, туку затоа што до мене дојде Џибрил и ме извести дека Возвишениот Аллах се гордее со вас пред мелеците.‘“
Од Ебу Сеид ел-Худри се пренесува дека Муавија еднаш излегол и се упатил кон група луѓе што седеле во круг во џамијата и ги прашал: „Што ве натера да седите овде?“ Тие одговориле: „Седиме за да го спомнуваме Аллах.“ Тој повторно прашал: „Се колнете ли во Аллах дека само поради тоа сте седнале?“ Тие рекле: „Се колнеме во Аллах дека седнавме само поради тоа.“ Тогаш Муавија рече: „Не ве терам да се колнете затоа што ве обвинувам. Никој што е на мојата положба во однос на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не пренел помалку хадиси од мене. Навистина Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еднаш излезе и се упати кон група од своите асхаби што седеа во круг и ги праша: ,Што ве натера да седите овде?‘ Тие одговорија: ,Седнавме за да го спомнуваме Аллах и да Му заблагодариме за тоа што нè упати кон исламот и за благодатите со кои нè обдарил.‘ Тој повторно праша: ,Се колнете ли во Аллах дека само поради тоа сте седнале?‘ Тие одговорија: ,Се колнеме во Аллах дека само поради тоа седнавме.‘ Тогаш тој рече: ,Не ве терам да се колнете затоа што ве обвинувам, туку затоа што до мене дојде Џибрил и ме извести дека Возвишениот Аллах се гордее со вас пред мелеците.‘“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Hausa Kurdî മലയാളം Kiswahili Português සිංහල دری Svenska አማርኛ অসমীয়া ไทย Tiếng Việt Yorùbá Кыргызча ગુજરાતી Malagasy नेपाली Oromoo Română Nederlands Soomaali پښتو తెలుగు Kinyarwanda ಕನ್ನಡ Српски Moore Lietuvių ქართული Українська Čeština Magyarالشرح
Муавија бин Ебу Суфјан, Аллах нека е задоволен со двајцата, еднаш се упатил кон група луѓе што седеле во круг во џамијата и ги прашал: „Зошто сте се собрале?“ Тие одговориле: „Се собравме за да Го спомнуваме Аллах.“ Тогаш тој побарал да се заколнат дека нивното седење и собирање е само заради спомнувањето на Аллах, па тие се заколнале. Потоа им рекол: „Не ве терам да се заколнете затоа што ве обвинувам или дека се сомневам во вашата искреност.“ Потоа спомнал за својата блискост со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснувајќи дека никој не бил поблизок до него од него самиот, бидејќи неговата сестра, Уму Хабиба, била сопруга на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, а тој исто така бил и еден од писарите на објавата. Сепак, и покрај сето тоа пренел многу малку хадиси од Пратеникот. Потоа им раскажал дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еден ден излегол од својата куќа и ги нашол своите асхаби како седат во џамијата, спомнувајќи Го Аллах и благодарејќи Му за тоа што ги упатил во исламот и ги обдарил со оваа благодат. Тогаш тој, салаллаху алејхи ве селем, ги прашал и побарал да се заколнат, слично како што тоа го направил Муавија, Аллах нека е задоволен со него, со своите другари. Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, им објаснил зошто ги прашал и побарал да се заколнат, велејќи: „До мене дојде мелекот Џибрил, алејхи селам, и ме извести дека Возвишениот Аллах се гордее и се фали со вас пред мелеците. Тој ја истакнува вашата доблест, им ги покажува вашите добри дела и ве фали пред нив.“فوائد الحديث
Вредноста на Муавија, Аллах нека е задоволен со него, и неговата посветеност во следењето на примерот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во пренесувањето на знаењето.
Дозволено е барањето заклетва без намера за обвинение, со цел да се истакне важноста на пренесената информација.
Вредноста на собирите за спомнување на Аллах и стекнување знаење, бидејќи Аллах ги сака тие собири и се гордее со нив пред мелеците.