إعدادات العرض
„Дали сакате да ви раскажам нешто за Деџалот, нешто што ниеден веровесник досега не им го раскажал на својот народ? Тој е слеп на едното око, а со себе ќе носи нешто…
„Дали сакате да ви раскажам нешто за Деџалот, нешто што ниеден веровесник досега не им го раскажал на својот народ? Тој е слеп на едното око, а со себе ќе носи нешто што ќе изгледа како Џенет и Оган
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Дали сакате да ви раскажам нешто за Деџалот, нешто што ниеден веровесник досега не им го раскажал на својот народ? Тој е слеп на едното око, а со себе ќе носи нешто што ќе изгледа како Џенет и Оган. Она за што ќе тврди дека е Џенет, всушност е Оганот. Ве предупредувам за него, исто како што и Нух го предупредувал својот народ.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Kurdî Kiswahili Português සිංහල دری অসমীয়া ไทย Tiếng Việt አማርኛ Svenska Yorùbá Кыргызча ગુજરાતી नेपाली Oromoo മലയാളം Română Nederlands Soomaali پښتو తెలుగు Kinyarwanda ಕನ್ನಡ Malagasy Српски Moore ქართული Čeština Українська Magyar Lietuvių Azərbaycanالشرح
Божјиот веровесник, салаллаху алејхи ве селем, ги извести своите асхаби за Деџалот, за неговите карактеристики и знаци, откривајќи нешта кои ниеден веровесник пред него не ги споменал. Дел од тие информации се: Дека тој е слеп на едното око. Дека Возвишениот Аллах ќе му даде нешто што во човечките очи ќе изгледа како Џенет и Оган. Но, всушност, неговиот „Џенет“ е Оган, а неговиот „Оган“ е Џенет. Кој ќе му се покори, тој ќе го внесе во тој „Џенет“, кој во очите на луѓето изгледа како Џенет, но всушност е Оган. А кој ќе му се спротивстави, тој ќе го внесе во тој „Оган“, кој во очите на луѓето изгледа како Оган, но, всушност, е прекрасниот Џенет. Потоа, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нè предупреди за искушението на Деџалот, исто како што и Нух го предупредувал својот народ.فوائد الحديث
Големината на искушението на Деџалот.
Спасот од искушението на Деџалот е во искреното верување, прибегнувањето кон Аллах, барањето заштита од него на последниот тешехуд и учењето напамет на првите десет ајети од сурата Ел-Кехф.
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со својата голема грижа за својот умет, им ги појаснил на муслиманите карактеристиките на Деџалот, кои ниту еден веровесник пред него не ги појаснил.