Кој ќе земе абдест како мојот абдест, а потоа ќе клања два реката, не размислувајќи за ништо друго за време на нив, Аллах ќе му ги прости неговите претходни гревови

Кој ќе земе абдест како мојот абдест, а потоа ќе клања два реката, не размислувајќи за ништо друго за време на нив, Аллах ќе му ги прости неговите претходни гревови

Од Хумран, слугата на Осман бин Афан, се пренесува дека тој видел како Осман бин Афан побарал вода за абдест. Тој истурил вода од садот по рацете и ги измил трипати. Потоа ја внел својата десна рака во садот, па ја исплакнал устата, вшмукал вода во носот и ја издувал. Потоа го измил своето лице трипати, рацете до лактите трипати, потоа (со влажни раце) ја поминал својата глава , а потоа ја измил секоја нога по трипати, па рече: „Го видов Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како зема абдест на овој начин, и рече: ,Кој ќе земе абдест како мојот абдест, а потоа ќе клања два реката, не размислувајќи за ништо друго за време на нив, Аллах ќе му ги прости неговите претходни гревови.‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Осман, Аллах да биде задоволен со него, ја објаснил постапката на абдестот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, на практичен начин за појасно разбирање. Побарал вода во сад, ја истурил трипати на своите раце, потоа ја внел својата десна рака во садот и зел вода, со која ја исплакнал устата и ја исфрлил. Потоа ја вовлекол водата со здив во внатрешноста на носот, ја исфрлил и го исчистил. Го измил лицето трипати, па ги измил рацете заедно со лактите трипати. Потоа со рака намокрена со вода ја поминал главата само еднаш, и на крајот ги измил нозете заедно со глуждовите трипати. Кога завршил, Аллах нека е задоволен со него, им кажал дека го видел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како зема исто на тој начин абдест. Потоа, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги израдувал со веста дека оној кој ќе земе абдест на овој начин и ќе клања два реката, со смиреност и со срцето потполно посветено на својот Господар, Возвишениот, Аллах ќе го награди за потполниот абдест и за искрениот намаз, со простување на сите претходни гревови.

فوائد الحديث

Препорачливо е миењето на рацете пред нивното внесување во садот со вода при започнувањето на абдестот, дури и ако се работи за лице кое во тој момент станало по спиење. Меѓутоа, ако се работи за будење од ноќен сон, тогаш миењето на рацете е задолжително.

Учителот треба да го одбере најјасниот и најефикасниот пат за постигнување разбирање и вкоренување на знаењето кај ученикот, а еден од тие методи е подучување преку практичен пример.

Оној кој клања намаз треба да ги одбие мислите поврзани со работите од овој свет, бидејќи потполноста и совршеноста на намазот се постигнуваат со присуството на срцето во намазот. Сепак, невозможно е целосно да се избегнат мисли, па затоа треба да се труди да се контролира и да не им се препушта на таквите мисли.

Препорачливо е започнување со десната страна при земање на абдест.

Прописно е почитување на редоследот меѓу испирањето на устата, вовлекувањето вода во носот и исфрлањето на водата од носот при извршувањето на абдестот.

Препорачливо е миењето на лицето, рацете и нозете по трипати, додека задолжително е миењето само еднаш.

Простувањето на претходните гревови од Возвишениот Аллах се поврзува со исполнувањето на двата услова: земањето абдест и клањањето два реката, на начинот што е спомнат во хадисот.

Секој дел од телото кој се мие при абдест има своја граница:

границата на лицето е од местото каде што започнува вообичаената линија (никнувањето) на косата до долниот дел на брадата и вратот по должина, и од едното до другото уво по ширина.

Границата на рацете е од врвовите на прстите до лактите, каде што е зглобот меѓу подлактицата и надлактицата.

Границата на главата е од вообичаената линијата на (никнувањето) на косата на страните на лицето до горниот дел на вратот, со тоа што ушите се вклучени во поминувањето на водата преку главата.

Границата на нозете е целото стапало, заедно со глуждот, кој го поврзува стапалото со потколеницата.

التصنيفات

Начин на земање абдест