إعدادات العرض
Аллаховиот Пратеник кога се бањал по сексуален однос, прво ги миел рацете, потоа земал абдест како што се зема за намаз, потоа се капел
Аллаховиот Пратеник кога се бањал по сексуален однос, прво ги миел рацете, потоа земал абдест како што се зема за намаз, потоа се капел
Од Аиша, мајката на верниците, радијаллаху анха, пренесено е дека кажала: Аллаховиот Пратеник кога се бањал по сексуален однос, прво ги миел рацете, потоа земал абдест како што се зема за намаз, потоа се капел и ја триел косата со раката, за да се увери дека кожата под неа е натопена. Трипати ја полевал со вода (косата и главата), а потоа го миел остатокот од телото. „Јас и Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, се капевме употребувајќи еден сад од каде ја зафаќавме водата.“
الترجمة
العربية Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو 中文 हिन्दी Português Kurdî Kiswahili සිංහල Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá ئۇيغۇرچە Tiếng Việt Hausa ไทย پښتو অসমীয়া دری Кыргызча or नेपाली Malagasy Kinyarwanda తెలుగు Lietuvių Oromoo Română മലയാളം Nederlands Soomaali Српски Українська Deutsch ಕನ್ನಡ Wolof Moore Shqip ქართული Azərbaycan Magyar বাংলা தமிழ் မြန်မာالشرح
Кога Аллаховиот пратеник, алејхи селам, се бањаше по интимен однос, започнуваше со миењето на рацете, потоа земаше абдест како што го прави тоа за намаз, па следни истураше вода врз телото. Со рацете поминуваше низ косата за да се увери дека водата навлегла до корените и ја допрела кожата. После тоа трипати ја поливаше главата со вода, па го миеше и останатиот дел од телото. Аиша, радијаллаху анха, кажала дека таа и Аллаховиот пратеник, алејхи селам, се бањале гусл заедно зафаќајки вода од истиот сад.فوائد الحديث
Постојат два вида гусул: минимален и целосен гусул. Минимален гусул е кога човекот ќе одлучи да земе гусул, а потоа го избања целото тело со вода, заедно со миење на устата и носот. Додека, комплетен гусл е човекот да се избања на начин како што се бањал Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и како е објаснето во овој хадис.
Џунуб е секој кај кого се случила ејакулација или имал интимен однос па дури и да не дошло до ејакулација.
Дозволено е сопружниците да гледаат во срамните места на својот партнер и да се бањаат користејќи ист сад.
التصنيفات
Гусл – верски дефинирано капење