„Нема зараза што се пренесува сама по себе, ниту суеверие во лоши претскажувања, ниту верување во бувот како гласник на судбината, ниту во месецот сефер како…

„Нема зараза што се пренесува сама по себе, ниту суеверие во лоши претскажувања, ниту верување во бувот како гласник на судбината, ниту во месецот сефер како навестувач на несреќа. Бегај од лепрозниот како што бегаш од лавот.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Нема зараза што се пренесува сама по себе, ниту суеверие во лоши претскажувања, ниту верување во бувот како гласник на судбината, ниту во месецот сефер како навестувач на несреќа. Бегај од лепрозниот како што бегаш од лавот.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, објаснил некои од обичаите на незнабоштвото за да ги предупреди луѓето од нив и да нагласи дека сè е во Аллаховите раце и дека ништо не се случува без Негова волја и одредба. Меѓу тие обичаи се: Прво: Народот од незнабоштвото верувал дека болеста се пренесува сама по себе. Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го забрани ова верување и појасни дека Аллах е Тој кој управува со космосот. Тој ја испраќа болеста и ја отстранува, и ништо не се случува без Негова волја и одредба. Второ: Народот од времето на незнабоштвото, кога тргнувале на патување или трговија, имале суеверие да ги набљудуваат птиците. Ако птицата полетала надесно, тоа го сметале за добар, а ако летала налево, за лош предзнак и се враќале назад. Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ги забрани овие суеверија и нагласи дека таквите верувања се неосновани. Трето: Народот од незнабоштвото верувал дека ако птицата був слета на куќа, тоа значи дека нејзините станари ќе ги снајде несреќа. Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го забрани ова суеверие. Четврто: Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го забрани суеверието поврзано со месецот сефер, вториот месец од лунарниот календар. Некои од незнабошците верувале дека под поимот сефер се пидразбираат црвите во стомакот кои ги напаѓаат стоката и луѓето и ги сметале за позаразни од шугата. Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го отфрли ова верување. Петто: Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, нареди да се избегнува близок контакт со лица заболени од лепра, исто како што би се избегнал лав, како мерка за претпазливост и зачувување на здравјето. Ова е дел од причините кои Аллах ги пропишал за заштита на човекот. Лепрата е болест која предизвикува распаѓање на човечките органи.

فوائد الحديث

Обврска да се потпираме на Аллах и целосно да се ослониме на Него, истовремено преземајќи ги дозволените причини.

Обврска е да се верува во Аллаховата одредба и дека причините се под Негова власт – Тој е Оној кој им го овозможува или спречува делувањето.

Побивање на суеверијата кои некои луѓе ги поврзуваат со одредени бои, како црната и црвената, одредени броеви, имиња, личности или лица со физички недостатоци.

Забраната за приближување на лица заболени од лепра и други заразни болести е дел од мудроста на Аллах, Кој ги поврзал причините со последиците. Причините не делуваат сами по себе, туку под Аллахова волја – ако Тој сака, ќе им ја одземе моќта и нема да предизвикаат ништо, а ако сака, ќе ги остави да предизвикаат последици.

التصنيفات

Прашања поврзани со џахилијетот (предисламски период), Дела на срцето