„Кој ќе пости еден ден на Аллаховиот пат, Аллах ќе го оддалечи неговото лице од Огнот за седумдесет есени (години).“

„Кој ќе пости еден ден на Аллаховиот пат, Аллах ќе го оддалечи неговото лице од Огнот за седумдесет есени (години).“

Ебу Сеид ел Худри, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Кој ќе пости еден ден на Аллаховиот пат, Аллах ќе го оддалечи неговото лице од Огнот за седумдесет есени (години).“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека оној што ќе пости еден ден во борба на Аллаховиот пат – а според некои, во борба и надвор од неа – со искрена намера, барајќи награда само од Аллах, Тој, со Својата добрина, ќе го оддалечи од Огнот на растојание од седумдесет години.

فوائد الحديث

Имамот ен-Невеви рекол: „Вредноста на постот на Аллаховиот пат се однесува на оној кој со тоа не си нанесува штета, не занемарува ничија обврска, ниту, пак, постот му пречи во борбата или во други важни задачи поврзани со џихадот.“

Поттик и охрабрување за доброволен пост.

Обврска за искреност (ихлас) и барање на Аллахово задоволство – да не се пости со претворање, за да слушнат другите, ниту пак со некаква друга цел.

Имамот ес-Синди рекол: „Зборовите ,на Аллаховиот пат‘ можат да значат пост со искрена намера (ниет), а можат и да значат дека постел за време на борба на Аллаховиот пат – што е првото што доаѓа на ум.“

Ибн Хаџер рекол: „Изразот ,седумдесет есени‘ – есента е позната доба од годината, а овде значењето се однесува на целата година. Спомнувањето токму на есента, а не на пролетта, летото или зимата, се должи на тоа што есента е најчистата доба – бидејќи тогаш се собираат плодовите.“

التصنيفات

Доброволен пост