„Присуствував на Бајрам со Омер бин ел-Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, и тој рече: ,Ова се двата дена на кои Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го…

„Присуствував на Бајрам со Омер бин ел-Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, и тој рече: ,Ова се двата дена на кои Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го забранил постењето: рамазанскиот Бајрам, кога го завршува постот, и другиот ден – кога јадете од вашите курбани.‘“

Од Ебу Убејд, ослободениот роб на Ибн Езхер, се пренесува дека рекол: „Присуствував на Бајрам со Омер бин ел-Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, и тој рече: ,Ова се двата дена на кои Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го забранил постењето: рамазанскиот Бајрам, кога го завршува постот, и другиот ден – кога јадете од вашите курбани.‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, забранил постење на рамазанскиот и курбанскиот Бајрам – бидејќи рамазанскиот Бајрам е ден за прекин/завршување на постот по рамазан, а курбанскиот Бајрам е ден кога се јаде од принесените жртви.

فوائد الحديث

Забрането е постењето на двата бајрамски дена – рамазанскиот и курбанскиот – како и на деновите на тешрик, бидејќи тие се поврзани со курбанскиот бајрам. Исклучок е само оној што не може да принесе курбан во аџилак – нему му е дозволено да пости во тие денови.

Ибн Хаџер рекол: „Некои велат дека спомнувањето на овие два дена како забранети за постење има за цел да се укаже на причината за нивното издвојување: првиот ден – како завршеток на постот, а вториот – поради принесувањето на курбанот, од кој треба да се јаде.“

Препорачливо е хатибот во хутбата да говори за прописите што се поврзани со времето во кое живее, избирајќи теми што одговараат на пригодата.

Пропишано е да се јаде од принесениот курбан.

التصنيفات

Што му е забрането на тој што пости