„Кој од вас доаѓа на џума-намаз, нека се избања.“

„Кој од вас доаѓа на џума-намаз, нека се избања.“

Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, пренесува: „Го слушнав Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како рекол: „Кој од вас доаѓа на џума-намаз, нека се избања.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, потенцира дека кој сака да дојде на џума-намаз, треба да се избања, како што се бања од голема нечистотија.

فوائد الحديث

Потврда за капење во петок, и дека тоа е Сунет за верникот за во петок, а најдобро е тоа да се направи пред одењето на намаз.

Одржувањето на чистотата и пријатниот мирис се дел од етикетата и бонтонот на муслиманот, а особено се нагласува при средбата и дружењето со луѓето, посебно на собирите и заеднички молитви.

Обраќањето во хадисот е до оние кои се обврзани да присуствуваат на џума-намазот. Бидејќи тој е оној што доаѓа.

На оние кои доаѓаат на џума-намаз им се препорачува да бидат чисти, да се измијат сè додека не исчезнат мирисите од телото и да користат парфем. Ако само земат абдест, тоа ќе биде доволно.

التصنيفات

Гусл – верски дефинирано капење, Џума намаз