„,Кој со лажно колнење ќе го присвои правото на некој муслиман, Аллах му го наредил Огнот (како казна) и му го забранил Џенетот.‘ Еден човек прашал: ,О Аллахов…

„,Кој со лажно колнење ќе го присвои правото на некој муслиман, Аллах му го наредил Огнот (како казна) и му го забранил Џенетот.‘ Еден човек прашал: ,О Аллахов пратенику, дури и ако е нешто безначајно?‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговорил: ,Дури и ако е гранче од дрвото арак.‘“

Ебу Умаме, Ијас бин Салебе ел-Хариси, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Кој со лажно колнење ќе го присвои правото на некој муслиман, Аллах му го наредил Огнот (како казна) и му го забранил Џенетот.‘ Еден човек прашал: ,О Аллахов пратенику, дури и ако е нешто безначајно?‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговорил: ,Дури и ако е гранче од дрвото арак.‘“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, строго предупредил од лажно колнење во име на Аллах со цел да се присвои туѓо право. Последицата за тоа е заслужување на џехенемската казна и забрана за влез во Џенетот – што го прави ова дело да биде едно од големите гревови. Потоа некој човек го прашал Пратеникот дали ова важи и за нешто безначајно? Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека важи дури и ако се работи за парче мисвак – гранче од дрвото арак.

فوائد الحديث

Треба да се внимава да не се присвојува неправедно туѓото право и да се вратат правата на нивните сопственици, без разлика колку и да се мали. Пресудата на судијата, ако е донесена врз основа на погрешен увид, не го прави дозволено она што не му припаѓа на човекот.

Ен-Невеви рекол: „Забраната за присвојување на индивидуалните права на муслиманите е строго нагласена, и нема разлика дали правото е големо или мало, бидејќи Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: ,Дури и ако се работи за гранче од дрвото арак.‘“

Ен-Невеви рекол: „Оваа казна се однесува на оној кој неправедно го присвоил правото на муслиманот и умрел без да се покае. А оној што ќе се покае, жали за тоа што го направил, ќе му го врати правото на сопственикот, ќе побара прошка од него и цврсто одлучи дека нема да се врати на тоа – нему му е простен гревот.“

Ел-Кади рекол: „Спомнувањето на муслиманот е затоа што токму на него се однесуваат шеријатските наредби и најчесто тој е обврзан со шеријатските прописи – а не затоа што немуслиманот е исклучен од ова. Напротив, прописот важи и за него.“

Ен-Невеви рекол: „Лагата е известување со нешто што е спротивно на стварноста – било намерно или по грешка, и без разлика дали станува збор за минато или идно време.“

التصنيفات

Узурпација