„Господару мој, прости ми ги моите грешки и моето незнаење, моите претерувања во сите мои работи, и она што Ти го знаеш подобро од мене, прости ми ги гревовите, кои ги…

„Господару мој, прости ми ги моите грешки и моето незнаење, моите претерувања во сите мои работи, и она што Ти го знаеш подобро од мене, прости ми ги гревовите, кои ги направив намерно, во незнаење или шегувајќи се, а сето тоа го има кај мене. Аллаху мој, прости ми ги поранешните гревови и оние кои ќе ги направам подоцна, оние што ги направив јавно и оние кои ги направив тајно. Ти приближуваш и Ти оддалечуваш, Ти си Семоќниот.“

Од Ебу Муса, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се молел со оваа дова: „Господару мој, прости ми ги моите грешки и моето незнаење, моите претерувања во сите мои работи, и она што Ти го знаеш подобро од мене, прости ми ги гревовите, кои ги направив намерно, во незнаење или шегувајќи се, а сето тоа го има кај мене. Аллаху мој, прости ми ги поранешните гревови и оние кои ќе ги направам подоцна, оние што ги направив јавно и оние кои ги направив тајно. Ти приближуваш и Ти оддалечуваш, Ти си Семоќниот.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Една од сеопфатните дови на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, е и оваа: „Господару мој, прости ми ги моите грешки“ и гревови, „И моето незнаење“ тоа што го направив без претходно знаење. „Моите претерувања во сите мои работи“ било да не сум направил доволно или да сум ги преминал границите. „И она што Ти го знаеш подобро од мене“ Ти Аллаху го знаеш тоа, а јас го заборавив. „Прости ми ги гревовите, кои ги направив намерно“ сето она што го направив со умисла и знаејќи дека тоа е грев. „Во незнаење или шегувајќи се“ тоа што го направив шегувајќи се, или во која било од двете ситуции. „А сето тоа се наоѓа кај мене“ сите спомнати грешки и гревови се наоѓат кај мене. „Аллаху мој, прости ми ги поранешните гревови“ кои се случија, „И оние кои ќе ги направим подоцна“ кои ќе бидат направени. „Оние што ги направив тајно“ скришум, „И оние кои ги направив јавно“ кои беа видливи. „Ти доближуваш и Ти оддалечуваш“ со Твојата милост кого сакаш од Твоето создание го унапредуваш, упатувајќи го на дело кое Тебе те радува, а кого сакаш го оддалечуваш од тоа, не дозволувајќи му го тоа. Никој не може да го приближи она што Ти го оддалечуваш, ниту може да го оддалечи тоа што Ти го приближуваш. „Ти си Семоќниот“ Семоќен и ја имаш апсолутната волја, правиш сè што сакаш.

فوائد الحديث

Вредноста на оваа дова и поттик да се молиме со истата, следејќи го во тоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.

Забрана за расипништвото и дека тој што тоа го прави е изложен на казна.

Возвишениот Аллах знае повеќе за човекот отколку што тој се познава себеси, затоа тој треба да Му ги довери своите работи на Аллах; бидејќи може да направи грешка без да знае.

Човекот може да биде одговорен за шегата исто како и за неговата сериозност, па затоа човекот мора да внимава и кога се шегува.

Ибн Хаџер Аскалани рекол: Во ниту еден од преносeните хадиси не видов место одредено за молење со оваа дова, иако најголемиот дел од пренесеното укажува дека ја кажувал за време на ноќниот намаз, а некогаш ја кажувал на крајот од намазот, има различни преданија за тоа дали ја кажувал пред селамот во намазот или потоа? И двете форми се пренесени од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

Дали Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, грешел за да побара прошка? Кажано е дека тоа го рекол од понизност и скромност, или дека сметал дека оставањето на нешто што води кон совршенство и неправење на нешто што е подобро е грев. Некои пак Велат дека мислел на она што го направил во заборав, или се молел за она што било пред пратеништвото. Кажано е дека: Барањето прошка е чин на ибадет што мора да се направи, не заради прошката, туку како чин на обожавање. Исто така речено е: Тоа е поука и укажување за неговиот умет, за да не се чувствуваат сигурно од казнувањето и да не престанат да бараат прошка.

التصنيفات

Довите пренесени во верските текстови