إعدادات العرض
„Не колнете го ветерот! А кога ќе видите нешто што не ви се допаѓа, кажете:…
„Не колнете го ветерот! А кога ќе видите нешто што не ви се допаѓа, кажете: ,О Аллаху, Те молиме за доброто на овој ветер, за доброто што е во него и за доброто со кое е испратен. А кај Тебе бараме засолниште од неговото зло, од злото што е во него и од злото со кое е испратен.‘“ (Аллахумме инна нес-елуке мин хајри хазихир-риих, ве хајри ма фиха, ве хајри ма умирет бих; ве неузу бике мин шерри хазихир-риих, ве шерри ма фиха, ве шерри ма умирет бих.)
Убеј бин Каб, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не колнете го ветерот! А кога ќе видите нешто што не ви се допаѓа, кажете: ,О Аллаху, Те молиме за доброто на овој ветер, за доброто што е во него и за доброто со кое е испратен. А кај Тебе бараме засолниште од неговото зло, од злото што е во него и од злото со кое е испратен.‘“ (Аллахумме инна нес-елуке мин хајри хазихир-риих, ве хајри ма фиха, ве хајри ма умирет бих; ве неузу бике мин шерри хазихир-риих, ве шерри ма фиха, ве шерри ма умирет бих.)
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Kurdî Português සිංහල Kiswahili অসমীয়া Tiếng Việt ગુજરાતી Nederlands മലയാളം Română Yorùbá Magyar ქართული Moore ไทยالشرح
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забранил проколнување или навредување на ветерот, бидејќи тој е под наредба на неговиот Создател – доаѓа и со милост и со казна. Навредувањето на ветерот претставува навреда кон Аллах, неговиот Создател, и е израз на незадоволство од Неговата одредба. Потоа, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, упатил кон враќање кон Аллах – Создателот на ветерот – преку молење за доброто што го носи, за доброто што е во него и за доброто со кое е испратен, како што се дождот, разнесувањето на полен и слично; и барање заштита кај Аллах од неговото зло, од злото што е во него и од злото со кое е испратен, како што се уништувањето на растенијата и дрвјата, угинувањето на добитокот или уривањето на градбите и слично. Во ваквата молитва има израз на вистинска покорност кон Аллах.فوائد الحديث
Забрана за псуење на ветерот – затоа што тој е создаден и управуван од Аллах, и затоа што тоа псуење му се испраќа на неговиот Создател и Управувач, што укажува на непотполност на тевхидот.
Враќањето кон Аллах и барањето засолниште кај Него од злото на она што Тој го создал.
Ветерот понекогаш е испратен со добро, а понекогаш со зло.
Ибн Баз рекол: „Проколнувањето на ветерот е од гревовите, бидејќи тој е создаден и управуван – се испраќа и со добро и со зло. Затоа не е дозволено да се навредува, ниту да се каже: ,Аллах нека го проколне овој ветер‘, или ,Аллах нека го уништи‘, или ,Аллах нека не ја благослови оваа ветроштина‘, или слично. Верникот треба да постапи согласно упатството на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.“
На ветерот, во забраната за проколнувење и навредување, аналогно му се придружуваат и жештината, студот, Сонцето, прашината и сè друго што е Аллахово создание и под Негово управување.
التصنيفات
Дови за вонредни ситуации