„Нека биде понижен човекот кому ќе му биде спомнато моето име, и нема да испрати салават врз мене. Нека биде понижен човекот што ќе го дочека месецот рамазан, и нема…

„Нека биде понижен човекот кому ќе му биде спомнато моето име, и нема да испрати салават врз мене. Нека биде понижен човекот што ќе го дочека месецот рамазан, и нема да му биде простено до неговиот крај. И нека биде понижен човекот чии родители ќе ја доживеат староста кај него, а тој преку нив нема да го заслужи Џенетот.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Нека биде понижен човекот кому ќе му биде спомнато моето име, и нема да испрати салават врз мене. Нека биде понижен човекот што ќе го дочека месецот рамазан, и нема да му биде простено до неговиот крај. И нека биде понижен човекот чии родители ќе ја доживеат староста кај него, а тој преку нив нема да го заслужи Џенетот.“

[صحيح] [رواه الترمذي وأحمد]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, упатил дова против три категории на луѓе да бидат понижени, посрамени и да имаат загуба: 1. Оној кому ќе му биде спомнат Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а нема да испрати салават кон него, велејќи: „салаллаху алејхи ве селем“ или слично. 2. Оној што ќе го дочека месецот рамазан, а ќе му помине, без да му биде простено – поради негово занемарување на покорноста. 3. Човекот чии родители ќе ја доживеат староста кај него, а тој, поради непочитување и пропуштање на правото кон нив, нема да го заслужи Џенетот преку нив.

فوائد الحديث

Ес-Синди рекол: „Суштината е дека секој од овие имал прилика која, доколку не би ја занемарел, ќе можел преку неа да стекне голема добрина. А бидејќи бил немарен и дозволил таа прилика да му избега, навистина е на губиток и загуба.“

Поттик да се испраќа салават кон Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, секогаш кога ќе се спомне неговото име.

Поттик на сериозна посветеност и залагање во ибадетот за време на месецот рамазан.

Поттик на вложување труд во почитување и добрина кон родителите, особено кога ќе ја доживеат староста.

التصنيفات

Дови за вонредни ситуации