,За секој еден муслиман, кој кога ќе настапи пропишаниот намаз, ќе земе потполн абдест и ќе клања намаз понизно и потполно, тоа ќе биде откуп за гревовите што ги…

,За секој еден муслиман, кој кога ќе настапи пропишаниот намаз, ќе земе потполн абдест и ќе клања намаз понизно и потполно, тоа ќе биде откуп за гревовите што ги направил претходно, освен ако не направил голем грев. И така ќе биде цел живот.“

Од Осман, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,За секој еден муслиман, кој кога ќе настапи пропишаниот намаз, ќе земе потполн абдест и ќе клања намаз понизно и потполно, тоа ќе биде откуп за гревовите што ги направил претходно, освен ако не направил голем грев. И така ќе биде цел живот.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, во овој хадис, ни објаснува дека секој еден муслиман кој кога ќе дојде времето на задолжителниот намаз, во потполна форма ќе земе абдест и ќе го изврши намазот со покајание во срцето и телото насочено кон Возвишениот Аллах, свесен за Неговата големина, потоа ќе ги изврши и сите ритуали како што се: руку, сеџда и другите делови од намазот, тој намаз ќе му ги избрише помалите гревови што ги направил претходно, под услов да ги избегнува големите гревови, а оваа вредност/привилегија ќе трае довека и ќе важи за секој намаз.

فوائد الحديث

Намазот што ги брише гревовите е оној во кој човекот зема целосен абдест, а потоа го извршува намазот со стравопочит и само заради Аллах.

Голема вредност е истрајноста во ибадетите, бидејќи тие се причината за простувањето на малите гревови.

Вреноста на потполното земање абдест, на убавото клањање и да понизноста во намазот.

Од голема важност е да ги избегнуваме големите гревови, за да ни бидат простени малите гревови.

Големите гревови не можат да бидат простени без покајание.

التصنيفات

Вредноста на намазот