„,Нема ниту еден Божји роб кој ќе направи грев, а потоа ќе земе абдест, па ќе клања намаз, а после тоа ќе побара прошка од Аллах, а да не му прости Возвишениот

„,Нема ниту еден Божји роб кој ќе направи грев, а потоа ќе земе абдест, па ќе клања намаз, а после тоа ќе побара прошка од Аллах, а да не му прости Возвишениот

Али рече: „Кога ќе слушнев нешто од Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, Возвишениот би ми дал да имам корист од тоа, онолку колку што Тој сака. И ако некој од асхабите ќе ми кажеше нешто, ќе побарав од него да се заколне, па ако се заколнеше ќе му поверував, а Ебу Бекр ми кажуваше, а тој ја кажува вистината, дека го слушнал Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, како вели: „,Нема ниту еден Божји роб кој ќе направи грев, а потоа ќе земе абдест, па ќе клања намаз, а после тоа ќе побара прошка од Аллах, а да не му прости Возвишениот‘ потоа го цитираше куранскиот ајет: ,И за тие кои, кога нешто лошо ќе сторат или себеси насилство ќе си сторат, на Аллах ќе се сетат и прошка за своите гревови молат.‘“ (Али Имран: 135)

[صحيح] [رواه أبو داود والترمذي والنسائي في الكبرى وابن ماجه وأحمد]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè известува дека секој Божји роб кој ќе направи грев, а потоа убаво ќе земе абдест, ќе клања намаз два рекати со намера да се покае за тој грев и ќе побара прошка од Аллах, Возвишениот, гревот ќе му го прости. Потоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ги кажал зборовите на Возвишениот: „И за тие кои, кога нешто лошо ќе сторат или себеси насилство ќе си сторат, на Аллах ќе се сетат и прошка за своите гревови молат.“ (Али Имран: 135)

فوائد الحديث

Поттик да клањаме намаз а потоа да побараме прошка за гревот што претходно сме го направиле.

Големина на Аллаховото простување, Тој ја прифаќа тевбата и барањето на прошка.

التصنيفات

Покајание