„Аллах пропишал обврски – затоа не ги занемарувајте. Поставил граници – затоа не ги преминувајте. Забранил одредени работи – затоа не ги прекршувајте. А за…

„Аллах пропишал обврски – затоа не ги занемарувајте. Поставил граници – затоа не ги преминувајте. Забранил одредени работи – затоа не ги прекршувајте. А за одредени нешта премолчал од милост кон вас, а не од заборав – затоа не распрашувајте за нив.“

Ебу Салебе ел-Хушени Џурсум бин Нашир, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Аллах пропишал обврски – затоа не ги занемарувајте. Поставил граници – затоа не ги преминувајте. Забранил одредени работи – затоа не ги прекршувајте. А за одредени нешта премолчал од милост кон вас, а не од заборав – затоа не распрашувајте за нив.“

[قال النووي: حديث حسن] [رواه الدارقطني في سننه وغيره]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известува дека Аллах пропишал одредени нешта и наредил обврски – затоа придржувајте се кон нив и не занемарувајте ги, ниту со оставање, ниту од небрежност. Поставил граници и предупредувања кои ве чуваат и одвраќаат од она што Тој не го сака – затоа не преминувајте ги одредбите што ги пропишал шеријатот. Забранил одредени работи – затоа не правете ги и не приближувајте им се. А сè друго, освен тоа, Аллах го оставил и го премолчал од милост кон Неговите робови – па тоа останува во основа дозволено, затоа не истражувајте и не распрашувајте за него.

فوائد الحديث

Хадисот е доказ дека Аллах е Оној што го пропишува верозаконот, и дека наредбата е во Неговата сопственост.

Хадисот ги содржи основните правила на шеријатот во врска со пропишаното и дозволеното, бидејќи секој шеријатски пропис или е јасно спомнат, или е премолчан. Она што е спомнато може да биде задолжително или препорачано, како и забрането или непожелно; а она што не е спомнато останува во основа дозволено.

Сè за што Аллах премолчал, а не го направил обврска, не поставил граница и не го забранил – останува дозволено (халал).

Во хадисот се гледа убавината на објаснувањето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, бидејќи го изложил со јасна и прецизна поделба.

Обврска е да се грижиме и да ги чуваме Аллаховите наредби.

Забрането е да се преминуваат Аллаховите граници.

التصنيفات

Одредени верски казни