„Оваа вера ќе се прошири дотаму до каде што достигнува ноќта и денот. Аллах нема да остави ниту една куќа во урбана средина, ниту пак во рурална или пустинска…

„Оваа вера ќе се прошири дотаму до каде што достигнува ноќта и денот. Аллах нема да остави ниту една куќа во урбана средина, ниту пак во рурална или пустинска област, а да не ја внесе во неа оваа вера

Од Темим ед-Дари, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Оваа вера ќе се прошири дотаму до каде што достигнува ноќта и денот. Аллах нема да остави ниту една куќа во урбана средина, ниту пак во рурална или пустинска област, а да не ја внесе во неа оваа вера – почест за оние кои ќе ја прифатат и понижување за оние кои ќе ја одбијат. Чест преку која Аллах ќе го возвиши исламот и понижување преку кое Аллах ќе го понижи неверството.“ Темим ед-Дари често велел: „Го видов тоа во моето семејство. Оние од нив кои го прифатија исламот добија добро, почест и достоинство, а оние кои останаа неверници беа понижени, омаловажени и обврзани да плаќаат џизија.“

[صحيح] [رواه أحمد]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека оваа вера ќе се прошири низ сите делови на Земјата. Секое место до кое стигнува ноќта и денот, до тоа место ќе допре и оваа вера. Возвишениот Аллах нема да остави ниту една куќа, било да е во градовите, селата, пустините или руралните области, а да не ја внесе во неа оваа вера. Оние кои ќе ја прифатат и ќе поверуваат, ќе бидат возвишени со честа и достоинството на исламот. А оние кои ќе ја одбијат и ќе останат неверници, ќе бидат понижени и омаловажени. Потоа, асхабот Темим ед-Дари, Аллах нека е задоволен со него, изјавил дека го видел исполнувањето на она за што известил Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кај своето семејство. Оние од неговото семејство кои го прифатиле исламот стекнале добро, чест и достоинство, додека оние кои останале неверници доживеале понижување и омаловажување, покрај обврската и да им плаќаат данок на муслиманите.

فوائد الحديث

Радосна вест за муслиманите е дека нивната вера ќе се прошири низ сите краишта на Земјата.

Гордоста му припаѓа на исламот и муслиманите, а пониженоста на неверството и неверниците.

Ова е еден од доказите за пратеништвото и знак на неговата вистинитост, бидејќи се случило токму онака како што наговестил Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

التصنيفات

Предзнаци на Судниот ден