„Ако му речеш на твојот другар: ,Молчи!‘ во петок, додека имамот држи хутба, тогаш си направил престап.“

„Ако му речеш на твојот другар: ,Молчи!‘ во петок, додека имамот држи хутба, тогаш си направил престап.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Ако му речеш на твојот другар: ,Молчи!‘ во петок, додека имамот држи хутба, тогаш си направил престап.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснува дека едно од обврзувачките правила за оној кој присуствува на петочната хутба е должноста да го слуша хатибот, со цел да размислува за поуките и советите. И оној кој ќе прозбори, дури и најмалку, додека имамот ја држи хутбата – па ќе му рече на другиот: „Молчи“ или „Слушај“ – ја губи вредноста и потполноста на наградата од џума намазот.

فوائد الحديث

Забрането е зборувањето за време на слушањето на хутбата, дури и ако тоа е со цел за спречување на нешто лошо, возвраќање на селамот или поздравувањето на оној што кивнал (да му кажеш: ,Јерхамукаллах‘).

Од ова се иззема оној кој му се обраќа на имамот или на кого му се обраќа имамот.

Дозволено е зборувањето меѓу двете хутби доколку има потреба.

Ако се спомене Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, додека имамот држи хутба, тогаш ќе упатиш салават и селам на него, но тивко, исто така и кажувањето ,амин‘ на довата (на хатибот).

التصنيفات

Џума намаз