„Побрзајте со добрите дела пред да дојдат искушенија што ќе бидат како мрачните темнини на ноќта

„Побрзајте со добрите дела пред да дојдат искушенија што ќе бидат како мрачните темнини на ноќта

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Побрзајте со добрите дела пред да дојдат искушенија што ќе бидат како мрачните темнини на ноќта. Тогаш човекот ќе го дочека утрото како верник, а вечерта како неверник, или ќе ја дочека вечерта како верник, а утрото како неверник. Тој ќе ја продаде својата вера за незначителна овоземна корист.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ги поттикнува верниците да побрзаат и да се посветат на правењето добри дела, пред тие да станат недостапни или спречени поради појавата на искушенијата и сомнежите што ќе ги одвраќаат од нив. Тие искушенија се мрачни како темната ноќ, каде вистината и лагата ќе бидат измешани, што ќе им отежнува на луѓето да ги разликуваат. Од нивната тежина, човекот може да се занесе, па да го дочека утрото како верник, а вечерта како неверник, или пак вечерта како верник, а утрото како неверник. Тој ќе ја остави својата вера за минливи овоземни уживања.

فوائد الحديث

Обврска за цврсто придржување кон верата и да побрзаме со правење на добри дела, пред да се појават пречки што ќе го оневозможат тоа.

Укажување на непрекинатата појава на заведувачки искушенија пред крајот на светот, така што по завршувањето на едно искушение, веднаш ќе следи друго.

Кога верата на човекот ќе ослабне и тој ќе ја остави во замена за дуњалучки нешта, како што е богатството или нешто слично, тоа станува причина за неговото скршнување од патот верата и негово препуштање на искушенијата.

Хадисот укажува дека добрите дела се причина за спас од искушенијата.

Искушенијата се од два вида: искушенија на сомнежите, чиј лек е знаењето, и искушенија на страстите, чиј лек се иманот и трпението.

Хадисот исто така укажува дека оној што прави малку добри дела побргу ќе биде изложен на искушенијата, додека оној што прави многу дела не треба да се занесува со она што го постигнал, туку постојано да се стреми кон уште повеќе.

التصنيفات

Гранките на иманот - верувањето