Кое дело му е најмило на Аллах?‘ Тој ми рече: ,Намазот да се клања во негово определеното време.‘ Прашав: ,А потоа?‘, тој одговори: ,Добродетелството кон родителите.‘…

Кое дело му е најмило на Аллах?‘ Тој ми рече: ,Намазот да се клања во негово определеното време.‘ Прашав: ,А потоа?‘, тој одговори: ,Добродетелството кон родителите.‘ Пак прашав: ,А потоа?‘, Тој рече: ,Борбата на Аллаховиот пат

Абдулах ибн Месуд, радијаллаху анху, рекол: „Го прашав Аллаховиот пратеник, алејхи селам: ,Кое дело му е најмило на Аллах?‘ Тој ми рече: ,Намазот да се клања во негово определеното време.‘ Прашав: ,А потоа?‘, тој одговори: ,Добродетелството кон родителите.‘ Пак прашав: ,А потоа?‘, Тој рече: ,Борбата на Аллаховиот пат‘. Тоа ми го одговори Аллаховиот пратеник, алејхи селам, а да го прашав уште ќе ми одговореше со уште повеќе.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Прашан е Пратеникот, алејхи селам, кое добро дело Аллах најмногу го сака? Тој одговорил: Фарз намазот да се клања во неговото време кое е одредено со верозаконот. Потоа, добродетелство кон родителите, да покажеш добрина кон нив, да внимаваш на нивните права и да не бидеш непослушен кон нив. Следно е борбата на Аллаховиот пат, за да се воздигне Аллаховиот збор, за да се одбрани верата ислам и неговите следбеници, за да се манифестираат исламските обреди, жртвувајќи го животот и имотот на тој пат. Ибн Месуд, радијаллаху анху, рекол: Ме извести за овие дела; да прашав пак: А потоа кое?, тој ќе одговореше.

فوائد الحديث

Некои дела се повредни од другите, според тоа колку Му се помили на Аллах.

Поттик за муслиманот прво да ги прави највредните дела, а потоа тие што следуваат и така натаму.

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, дал различни одговори кога го прашале за најдоброто дело, според различните карактери и состојби на асхабите, на начин кој е најкорисен за секој од нив.

التصنيفات

Вредностите на добрите дела, Вредноста на намазот